Објавено на: 29.08.2017

Уште еден нов „Експрес„ маркет од Рамстор

Во последниот месец Рамстор го отвори вториот маркет во Македонија и на 25ти август Петок го отвори петтиот свој маркет од форматот „Рамстор експрес„ во Охрид. Маркетот се простира на продажна површина од 195 м2, магацин 46 м2 и вкупно 13 вработени и две каси.

Вклучително со овој маркет бројот на Рамстор маркетите достигна 22.

Експрес маркетите се замислени да овозможат побрзо купување на помала површина. Во маркетот се нудат 3.500 производи од различни брендови кои би ги задоволиле основните потреби на купувачите, а покрај свежото овошје и зеленчук се продава и пакувано месо.

Покрај тоа што на своите купувачи им овозможува да заштедат време,  “Рамстор Експрес” нуди бројни кампањи и попусти.

По повод отворањето на маркетот,  купувачите ќе можат да ги искористат атрактивните кампањи во следните 11 дена.

Рамсторе Експрес ќе продолжи да расте со тоа што ќе се отворат маркети и во другите градови низ Македонија, со цел на купувачите да им се понуди квалитетна и разновидна лепеза на производи.

Маркетот се наоѓа на улица Јане Сандански, бр. 98 во Охрид.

FOT_6090

FOT_6263

FOT_6383

FOT_6105