Објавено на: 10.10.2018

Светски ден за борба против глад

Poster-Kupuvaci-(007)

По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта,  а во насока на нашата визија која има за цел да превземе активности, чувствителни кон општеството и околината, нашата компанија орагнизира волонтерска акција на вработените во Рамсторе и сите заинтересирани потрошувачи  под мотото ЗАПОМНИ! Еден од шест луѓе си легнува гладен секоја вечер .

Листата на потребни производи  за донирање е како во прилог.Собраните средства ќе ги подариме на Црвен Крст со цел да им се помогне на најсиромашните семејства, посебно од руралните области, кои се соочуваат со проблем од обезбедување на основните потреби за храна. 

Состојки потребни за пакети со храна
Ориз
Грав
Леќа
Сол
Шеќер
Брашно
Палента (пченкарно брашно)
Макарони, шпагети
Масло
Конзервиран грашок, боранија и мешан зеленчук
Конзревирана риба
Кекси
Супи
Конзервирано овошје
Кечап