Наградна игра “13-ти Роденден на Рамстор! “

WEB_1140x700_MKD

Официјални правила на Наградната игра “13-ти Роденден на Рамстор! “

„Рамстор“ ви нуди шанса да учествувате во голема наградна игра и да освоите вредни парични награди!
Шанса што не се пропушта – играј и добиј 1.000.000 денари!

Покрај главната награда од еден милион денари, во наградната игра има 13 награди од по 30.000 денари и 113 награди од по 3.000 денари.

Наградната игра „13. роденден на Рамстор!“ почнува на 4. 10. 2018 година во 8 часот и завршува на 21. 11. 2018 година во 22 часот.

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни купувачи, чиишто фискални сметки имаат вредност од 1.000 денари и повеќе. Еднаш искористена фискална сметка не може повторно да учествува во наградната игра. Добиената награда не може да се замени со друг/а и не постои никаков друг вид надомест. Сите вработени во „Рамстор Македонија д.о.о.“, како и членовите на нивните потесни семејства не можат да учествуваат во наградната игра.

Што е потребно да направите:

Да приложите фискална сметка повисока од 1.000 денари направена во кој било маркет на „Рамстор“ на инфопултовите, при што добивате награден купон.

Купонот треба да биде пополнет од страна на потрошувачот со следниве лични податоци:

Име и презиме, адреса, телефон за контакт и број на фискална сметка, a потоа треба да биде ставен во посебно обележаните кутии што се поставени на видно место во/пред секој маркет.

1.000 ден = 1 купон за учество, 2.000 ден = 2 купона за учество, 3.000 ден = 3 купона за учество

Извлекување на наградите ќе се одржи  на 3. 12. 2018 година во 12 часот во ТЦ „Рамстор мол“ пред маркетот. Со среќните добитници ќе контактираме лично, а нивните имиња ќе бидат објавени на нашата веб-страница, како и на информативните пултови во нашите маркети.

*Задолжително чувајте ја фискалната сметка со која учествувате во наградната игра.

Повеќе информации на официјалната страница: ramstore.com.mk

Листа на Добитници од Награднaта игра по повод 13-тиот Роденден на Рамсторе Македонија