МАЛИ ЕЛЕКТРИЧНИ АПАРАТИ

elektricni-aparati

Доказ за исполнување на нашата цел за продажба на голем асортиман на производи за домаќинство е и посебниот дел за продажба на електрични апарати во рамките на сите продажни објекти во кои може да се најдат голем број на ситни електрични апарати за домаќинство и лична употреба.

Во рамките на делот на електричните апарати купувачите може да најдат голем асортиман на апарати за секојдневна употреба како: бокали, тостери, соковници, цедалки за лимон, блендери, миксери, микропечки, скари, пегли, кафемати, фритези,месорезници, правосмукалки, фенови, пегли за коса, маникир-педикир сет, масажери за нозе, апарати за бричење, тримери, како и специфични електрични апарати како што се: апарат за правење јогурт, апарат за варење јајца, апарат за правење леб, апарат за правење палачинки, апарат за обарување на храна и многу други.
Сите апарати се од познатите брендови Северин, Макс и Адлер.
Во делот за продажба на електрични апарати во секое време додека работат маркетите има посебно обучени вработени од компанијата Агротехна кои детално им ги објаснуваат сите особини и начини на функционирање на сите апарати.

Исто така во летниот период има голем избор на велосипеди за деца и возрасни од брендот Макс, а во зимскиот период конвектори од брендот Валијант.