Јазик:

Објавено на: 18.10.2018

Рамсторе заедно со своите потрошувачи и вработени донираа 2,5 тони храна по повод Светскиот ден за борба против гладта

По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, а во насока на визијата на Рамсторе која има за цел да превземе активности, чувствителни кон општеството и околината, организираше   волонтерска акција помеѓу своите  вработени и потрошувачите   под мотото ЗАПОМНИ! Еден од шест луѓе си легнува гладен секоја вечер .

Кампањата које траеше една недела и се спроведуваше во неколку поголеми маркети на Рамсторе покажа голем интерес како од страна на вработените на сите Рамсторе маркети  така и од страна на потрошувачите кои имаа можност да донираат во три поголеми Рамсторе маркети. Не радува фактот што за краток период  се собраа или  2,5 тони ( 5000 парчиња храна)и истите се  доделија на Црвен крст на Република Македонија со цел да се помогне на ранливото население.

Секоја компанија која своите успешни резултати ги остварува благодарение на довербата на своите потрошувачи, тежнее кон тоа да и возвраќа на заедницата. Вредностите врз кои Рамсторе го темели својот успех се квалитет, врна услуга, доверба, иновации во работењето и разбирање на локалната заедница. Рамсторе, со високите малопродажни стандарди, задоволни вработени и своите добавувачи со кои гради фер односи, на чувствителен начин ја сноси општествената одговорност.Големиот интерес од страна на нашите вработени и потрошувачите е доказ за постоење на хуманост и солидарност и како компанија и како личности. Во оваа прилика од дното на срцето сакаме да им се заблагодариме на сите потрошувачи и вработени на Рамсторе за силната желба за пружање помош и поддршка на најранливите категории граѓани(истакнаа од Рамсторе)

Ние како компанија  ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти со  цел да го побудиме хуманиот дел  и да го поттикнеме чувството на солидарност на хумана димензија кај сите.  Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето општество, а воедно ќе им помогне на оние на кои им е најмногу потребна.Ramstore---(31)

Ramstore---(4)

Ramstore---(32)