Политиката за приватност и безбедност е созадена со цел да ви помогне да разберете кои податоци ги собираме, зошто и како ги собираме, како и тоа како обезбедуваме безбедност на вашите податоци. Поради оваа причина, препорачуваме да одвоите време внимателно да ја прочитате нашата Политика за Приватност и Безбедност. За ажурирање на вашите лични податоци, можете да ја користите нашата веб страна, мобилна апликација или да се јавите на контакт центарот 0800 800 70.
Рамсторе ја прифаќа имплементацијата на политиката за информациска сигурност како еден од виталните процеси на институцијата.
За време на користењето на нашите услуги, важно е да знаете како ги користиме вашите податоци, како обезбедуваме безбедност на податоците и како може да ја заштитиме вашата приватност.
Нашата политика за приватност и безбедност се состои од:
- Кои податоци ги собираме и како ги собираме и користиме?
- Како можат нашите клиенти да пристапуваат и да ги ажурираат своите податоци?
- Како ги заштитуваме податоците што ги собираме?
- Кои податоци како ги собираме и користиме?
Ние ги собираме вашите лични податоци за да ви помогнеме и да ви обезбедиме подобри услуги. Личните податоци што ги собираме овозможуваат Рамсторе да ве информира за најновите производи, поволни купувања, лични поволни сугестии и идни настани. Освен тоа, со податоците што ги добиваме од вас, добиваме најточни повратни информации за нашите услуги.
Ако сакате да ги разгледувате нашите веб-страници, Рамсторе клуб картички привилегии / или апликации, ние не бараме никакви лични податоци, но ако сакате да учествувате во некоја од можностите и услугите што ги нудат нашите веб страници, апликации можеме да побараме од вас да обезбедите различни лични или демографски податоци. За приватност и безбедност во нашата политика, личните податоци се дефинираат како информации што лично ве идентификуваат или се користат за комуникација. Тие можат да вклучуваат, на пример вашето име, поштенска адреса, адреса за електронска пошта, телефонски број, датум на раѓање, возраст и пол.
Вашите лични податоци ќе бидат собрани само со ваша дозвола (на пример, ако користите онлајн формулари достапни на нашите веб-страници или апликации и свесно да ја дадете вашата апликација за Рамсторе клуб картичка во нашите маркети).
Рамсторе сите лични податоци од купувачите ги чува во безбедносни зони, и ги собира следниве податоци:
- Име и презиме
- Поштенска адреса
- Контакт Е-пошта
- Контакт Мобилен Телефон
- Датум на раѓање
- Пол
- Град
- Информации за пазарење
Мобилната апликација на Рамсторе може автоматски да собира некои информации од корисниците. Следниве информации се;
- Брендот-моделот на мобилниот телефон,
- Оперативниот систем на вашиот телефон,
- Информации за локација
(информации за локација на вашиот телефон е во рамките на вашата дозвола)
Со деинсталирање на апликацијата од вашиот телефон можете да го запрете овој податочен проток во секое време (можете да поставите податоци од вашиот телефон преку прилагодувања и дозволи на апликацијата во вашиот телефон).
Рамсторе не користи колачиња (cookies) во ниту еден од неговите канали.
- Како ги користиме податоците што ги собираме?
Сите информации собрани од вас ќе бидат користени исклучиво за целите за кои сте ги доставиле вашите информации, за време на собирањето на информации или за целите опишани во оваа Политика за приватност и безбедност. Може да ви биде понудена опцијата да бидат користени вашите податоци за други активности или услуги различни од активноста или услугата што ја регистрирате на нашата веб-страница или апликација кога ќе се регистрирате.
Ние исто така можеме да ги користиме вашите лични и демографски податоци за внатрешните анализи. На овој начин, ние постојано можеме да ги подобриме, прилагодуваме и подобро да ги задоволиме вашите потреби со производите и услугите што ги нудиме. Ние не ги продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци.
Вашите лични податоци;
- Ќе бидат користени за полесно користење на нашата веб-страница и апликација,
- За промовирање на нашите производи и услуги,
- Да ги запознаеме нашите купувачи и да ја подобриме нашата комуникација,
- Да им обезбедиме општи и посебни кампањи / предности на нашите купувачи,
- За директен маркетинг и рекламни активности,
- Податоците ги користиме за анализа на податоци, истражувања, истражувања и други практики / информации за задоволството на клиентите во согласност со целта и законите.
Вашите податоци ги собираме за да можеме да комуницираме подобро, да го обезбедиме задоволството кое го очекувате од нас и да бидеме поблиску до вас. Вашите лични податоци не се користат освен за целите наведени погоре.
Поволности од користењето на Рамстор Клуб картичката
Со Ramstore картичката нашите купувачи добиваат шанса да купат одредени производи по пониска цена и воедно врз база на истите производи да соберат поени. Поените кои ќе ги соберат нашите купувачи денес, истите веќе од следниот ден можат да ги искористат во вид на готовина.
Кога и како се собираат поените?
Поените се собираат кумулативно 12 месеци од почетокот до крајот на календарската година.
Користење на поените од Вашата Рамстор Клуб картичка е многу едноставно:
Собраните поени можете да ги користите веќе од наредниот ден по вашето прво пазарење во новата година односно од 02/01 или било кој друг ден во рамките на календарската година.
Пример:
За календарска 2018 година, собраните поени можете да ги користите од 01/01/2018 до 01/01/2019 год.
После секој период неискористените поени се бришат од Вашата Рамстор Клуб картичка и почнува нов период на собирање на поени.
Пристап и ажурирање на податоци
Со пристап до нашата веб страница или мобилната апликација можете вашите податоци да ги дополнувате и ажурирате. Никогаш нема да ви биде побарано лозинката, корисничкото име, информациите за кредитна картичка или други лични податоци преку е-пошта. Овој метод за крадење на вашите лични податоци и негово користење за лоши цели се нарекува ” Phishing “. Ако добиете порака која се чини дека доаѓа од нас, но се бараат вашите лични податоци, не треба да одговарате.
Наша цел е да ви обезбедиме пристап до вашите лични податоци секогаш кога ќе ги користите нашите услуги. Доколку податоците се нецелосни или неточни, за да ажурирате или бришете податоци, можете да ја користите мобилната апликација или нашата веб страна. Кога ги ажурираме вашите лични податоци, можеме да побараме од вас прво да го потврдите вашиот идентитет за да може да се исполни вашето барање. За да се информирате за вашите регистрирани податоци во нашата база на податоци или да ги ажурирате вашите лични податоци, можете да ги користите услугите од контакт центарот или инфо пултовите на нашите маркети.
Кои се вашите права во однос на вашите податоци што ги собираме?
Имаме одредени права во однос на податоците што ги собираме во рамките на оваа политика. Податоците што се обработуваат од наша страна:
- Да дознаете дали се обработуваат или се обработувани вашите лични податоци,
- Доколку се обработуваат можете да добиете информации за нив,
- Да ја дознаете целта на обработувањето на вашите податоци и дали се користат според нејзината цел,
- Доколку се погрешни можете да побарате да се ажурираат вашите податоци,
- Може да побарате вашите обработени податоци да бидат избришани или уништени
можете да не контактирате преку нашиот бесплатен контакт центар 0800 800 70 за сите ваши барања. Вашите барања ќе бидат спроведени до надлежните лица, и истите ќе бидат обработени во најскоро можно време, односно најдоцна до 15 дена од денот на приемот.
- Како ги заштитуваме податоците што ги собираме?
Рамсторе ги презема сите неопходни технички мерки за да ја осигура приватноста и безбедноста на лични податоци собрани преку нашата веб-страница и мобилна апликација. Податоците кои се собираат не се споделуваат со никого, само авторизирани вработени кои извршуваат анализи имаат пристап до податоците. Податоците ќе бидат трајно зачувани во безбедните системи на Рамсторе или доколку корисникот на услугата нема поднесено барање за бришење на лични податоци и откажување од целата програма.
Одјавување од листата за известувања
Ако не сакате да бидете вклучени во нашата информативна листа, можете да ја напуштите со вашиот избор во секое време со ажурирање на вашите податоци. Доколку не сакате да добивате известувања, можете да се јавите на нашиот контакт центар или да поднесете барање преку нашата веб страна ramstore.com.mk или по пошта до адресата Ул. Св. Кирил и Методиј, број 13.
Промена на Политиката за приватност
Рамсторе го задржува правото во секое време да ја измени, или дополни политиката за приватност. За секое нејзино менување, или дополнување ќе биде поставено известување на нашата веб страна или мобилна апликација.
Директен Маркетинг
Корисникот директно и индиректно ќе биде информиран од семејството Рамсторe, за општите и посебните кампањи, предностите, производите, промовирање на услуги, реклами, истражувања на пазарот и други задоволства на потрошувачите, текстуални пораки (СМС), мобилна апликација, известувања, електронска пошта, телефонски повик итн.
Со секаков вид на електронска комуникација се овозможува да се испратат комерцијални електронски и други пораки до потрошувачот. Ако сакате да ја повлечете вашата согласност за обработка на вашите лични податоци за целите на директен маркетинг јавете се бесплатно на контакт центарот 0800 800 70 или пишете порака на нашата електронска адреса (e-mail) ramstore@ramstore.com.mk или по пошта до адресата Ул. Св. Кирил и Методиј, број 13.
Корисникот може да побара од Рамсторе да го информира за неговите права, поврзани со обработката на личните податоци, како и да ги дополни, измени, избрише, или да го сопре користењето на неговите лични податоци, ако податоците се нецелосни, неточни, или неажурирани на горенаведените адреси. Во рок од 15 дена по добивањето на известувањето, РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје ќе ја спречи понатамошната употреба на личните податоци на корисникот заради директен маркетинг.
Прифаќање на услови за членство
Со притискање на полето “Прифаќам“, купувачот потврдува дека ги прочитал, ги разбрал и ги прифаќа и во целост условите за користење на услугите од програмата Рамсторе.
Рамсторе го задржува правото во секое време за менување или преќинување на оваа лојалти програма.
За секоја промена Рамсторе е задолжен да ги извести сите корисници од лојалти програмата.
Никако не е дозволено користење на лојалти програмата под 18 годишна возраст.