Јазик:

Garage Sale

За да го погледнете каталогот, кликнете на следниов линк.

Рамстор номиниран за Најдобри е – трговци за 2021 година

Почитувани потрошувачи на Рамстор, нашиот тим гордо Ви соопшува дека сме номинирани за
Најдобри е – трговци за 2021 година на првите Ecommerce Awards, во соработка со Ecommerce Macedonia.
Би ни претставувало чест и благодарност доколку Вашето задоволство од нашиот квалитет и услуга го насочите во гласање за категориите во кои сме номинирани:

✔️ E – трговец на годината
✔️ Најпопуларна Е – продавница
✔️ Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината
✔️ Е – трговец со најдобра грижа на корисници
✔️ Е – трговец со најдобро присуство на социјалните медиуми
✔️ Е – продавница за храна и пијалоци на годината

Гласањето може да го направите преку следниов линк: https://ecommerceawards.mk/glasaj/
Тимот на Рамстор Ви е благодарен на годините на лојалност, доверба, поддршка и заедничко стекнато искуство!
Рамстор – Добиј повеќе, Живеј подобро!

Новогодишна викенд програма во Рамстор Мол

За време на претстојниот викенд во Рамстор Мол ве очекува неверојатна предновогодишна забавна програма за дечињата, но и за возрасните, на која ве очекува загарантирана забава за сите посетители полна со многубројни изненадувања.

Забавната програма започнува на 17.12.2021 (петок) со почеток од 17 часот во Рамстор Мол, каде ве очекува незаборавна забавна музичка програма со DJ.

Во сабота точно на пладне, на огромна радост на сите дечиња, ќе се оддржи  новогодишниот концерт на неверојатното Златно Славејче, но забавата за овој ден не завршува тука, забавата ќе продолжи со дружење со Дедо Мраз и со забавните детски игри со останатите дечиња.

Доколку немате можност да бидете дел од дружењето со Дедо Мраз во сабота, или можеби сакате повторно да бидете дел од неверојатна забава, во недела на 19.12.2021 ќе имате можност да бидете дел од уште едно дружење со Дедо Мраз и со забавните детски игри. Новогодишната програма се заокружува во креативното катче сместено во просториите на Рамстор Мол каде ќе се изработуваат новогодишни креативни честитки.

Рамстор Мол е местото каде ве очекува загарантирана забава во текот на целиот викенд.

Recipes

No post found