Category: Uncategorized @en
Најлојални купувачи на Кока Кола со Рамстор Клуб Картичка во периодот 08.03 – 15.04.2024
30 НАЈЛОЈАЛНИ КУПУВАЧИ НА AJAX СО РАМСТОР КЛУБ КАРТИЧКА ВО ПЕРИОДОТ 14.03-03.04.2024
НАЈДОБРИ КУПУВАЧИ НА КИТ КАТ ЗА ПЕРИОД 13.04-03.04.2024 ГОД СО РАМСТОР КЛУБ КАРТИЧКА
ПОСНА МУСАКА СО ШАМПИЊОНИ
Потребни состојки
1 кромид
1 чаша ориз
250 мл. доматно пире
1 тегла шампињони
3 средни компири
400 гр. посен кашкавал
1 лажица црвен пипер
ПОДГОТОВКА:
Исечкајте го ситно кромидот и ставете да се динста, по некое време додадете ги и оризот и шампињоните и пржете. Потоа, додадете 1 лажица брашно и 1 лажица црвен пипер, откако малку ќе се пропржи, го додавате и доматното пире. На тивок оган оставете да се крчка се додека не се свари оризот. Во меѓувреме излупете го копирот и исечкајте го на кругови. Во тава ставете од смесата па наредете од компирите и додадете топла вода. Ставете да се пече на загреана рерна на 200 степени, 40 минути. Пред крајот изрендајте кашкавал и печете уште 15 минути.
Добар апетит!
НОВОГОДИШНИ ШИШАРКИ
Потребни состојки
- 200 гр бисквити
- 120 гр шеќер
- 50 гр какао
- 100 гр путер
- 25 мл млеко
- чоколадни житарки
- шеќер во прав
Подготовка
Сомелете ги бисквитите во вид на прав. Во сад со мелените бисквити додајте ги шеќерот и какаото, па спојте ја смесата со раце. На крај додадете го растопениот путер и млеко и соединете ги убаво состојките. Формирајте топчиња и со раце секој дел трансформирајте го во конус. Чоколадните житарки редете ги додека да ја покриете цела површина. Кога ќе бидат готови, шишарките ставете ги на чинија за сервирање и наросете ги со шеќер во прав за да им дадете снежен и празниченн изглед.