Јазик:

Објавено на: 17.12.2021

Новогодишна викенд програма во Рамстор Мол

За време на претстојниот викенд во Рамстор Мол ве очекува неверојатна предновогодишна забавна програма за дечињата, но и за возрасните, на која ве очекува загарантирана забава за сите посетители полна со многубројни изненадувања.

Забавната програма започнува на 17.12.2021 (петок) со почеток од 17 часот во Рамстор Мол, каде ве очекува незаборавна забавна музичка програма со DJ.

Во сабота точно на пладне, на огромна радост на сите дечиња, ќе се оддржи  новогодишниот концерт на неверојатното Златно Славејче, но забавата за овој ден не завршува тука, забавата ќе продолжи со дружење со Дедо Мраз и со забавните детски игри со останатите дечиња.

Доколку немате можност да бидете дел од дружењето со Дедо Мраз во сабота, или можеби сакате повторно да бидете дел од неверојатна забава, во недела на 19.12.2021 ќе имате можност да бидете дел од уште едно дружење со Дедо Мраз и со забавните детски игри. Новогодишната програма се заокружува во креативното катче сместено во просториите на Рамстор Мол каде ќе се изработуваат новогодишни креативни честитки.

Рамстор Мол е местото каде ве очекува загарантирана забава во текот на целиот викенд.

Recipes

No post found