Ramstore се грижи за вас!

maxresdefault

Со цел да го направи пазарувањето уште поинтересно, поедноствно и уникатно, Рамстор Македонија, постојано воведува новитети на пазарот.

Секогаш подготвен да одговори на потребите и желбите на неговите верни потрошувачи,  и со цел да биде што е можно поблиску до нив нудејќи им услуги со кои ќе се задоволат и надминат нивните очекувања, Рамстор сега ја воведува својата најнова услуга посветена токму на задоволувањето на барањата на потрошувачите. Станува збор за Рамстор Контакт центарот – центар за грижа на корисници, со помош на кој сите заинтересирани посетители ќе може да добијат одговор на сите прашања поврзани со работата на Рамстор. Покрај тоа, тие ќе може да остават пофалби или поплаки, или пак да дадат свои предлози кои се однесуваат на работата на сите Рамстор маркети и Рамстор Мол.

Доказ за тоа дека оваа услуга е вистински наменета за верните потрошувачи и дека нивното мислење е од голема важност за Рамстор, е фактот дека бројот на Контакт центарот – 0800 800 70 е бесплатен за повици од сите мобилни и фиксни оператори, со што услугата станува уште подостапна за сите. Работното време на Kонтакт центарот е од 10 до 22 часот, секој ден.

Со воведувањето на услугата Контакт центар, Рамстор уште еднаш покажува и докажува дека го почитува мислењето на своите лојални потрошувачи и им се заблагодарува на сите оние кои често ги посетуваат маркетите и трговскиот центар, поради квалитетот на произодите, услугата и пријатниот амбиент.