Јазик:

Објавено на: 21.01.2024

КРЕМАСТО ПИЛЕШКО

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 4 парчиња пилешко филе
  • малку сол
  • свежо мелен црн бибер
  • 1 лажиче сушено оригано
  • 3 супени лажици путер
  • 3 чешниња лук мелен
  • 150 гр беби спанаќ
  • 250 мл неутрална павлака за готвење
  • 30 гр рендан кашкавал

Припрема:

Во тава ставете го маслиновото масло и пропржете го претходно зачинетото пилешко со сол бибер и оригано. Гответе додека не добие златна боја. Во друга тава ставете го путерот и лукот и пржете околу 1 минута. Потоа додадете го спанаќот и пржете додека спанаќот не почне да се топи. Во смесата што врие додадете ја неутралната павлака и кашкавалот. Намалете го огнот на минимум и варете додека сосот не се згусне. Ставете го пилешкото во тавата и продолжете да го варите заедно со сосот уште 5 минути. Послужете со препечен леб.

Добар апетит!

Recipes

No post found