Јазик:

Објавено на: 10.04.2024

ПОСНА МУСАКА СО ШАМПИЊОНИ

Потребни состојки

1 кромид
1 чаша ориз
250 мл. доматно пире
1 тегла шампињони
3 средни компири
400 гр. посен кашкавал

1 лажица црвен пипер

ПОДГОТОВКА:

Исечкајте го ситно кромидот и ставете да се динста, по некое време додадете ги и оризот и шампињоните и пржете. Потоа, додадете 1 лажица брашно и 1 лажица црвен пипер, откако малку ќе се пропржи, го додавате и доматното пире. На тивок оган оставете да се крчка се додека не се свари оризот. Во меѓувреме излупете го копирот и исечкајте го на кругови. Во тава ставете од смесата па наредете од компирите и додадете топла вода. Ставете да се пече на загреана рерна на 200 степени, 40 минути. Пред крајот изрендајте кашкавал и печете уште 15 минути.

Добар апетит!

Recipes

No post found