Јазик:

Објавено на: 06.02.2024

ШПАГЕТИ ВО БЕЛ СОС СО ПЕЧУРКИ И ВИНО

Потребни состојки:

  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 250гр печурки
  • 5 ленти сланина
  • 1 чаша бело вино
  • 200гр шпагети
  • 400 мл неутрална павлака
  • 50гр. рендан кашкавал
  • сол и бибер

Припрема:

Исечкајте го кромидот на ситни коцки и ставете да се динста на тивок оган со малку вода. После 5 минути додадете ги лукот, сечканата сланина, печурките и виното и оставете да се динстаат уште неколку минути. Потоа додадете ја и неутралната павлака, солот и биберот. Сварените шпагети соединете ги со сосот, декорирајте со рендан кашкавал и послужете.

Добар апетит!