Состојки за тесто:
500гр брашно
1 кесичка сув квасец
100мл млако млеко
100мл млака вода Абант
1 мала лажичка сол
1 мала лажичка шеќер
2 лажички Тариш Ривиерамаслиново масло
1 белка од јајце
Состојки за смеса со месо:
500гр мелено месо од месарата во Рамсторе
1 црвен кромид, 1 бел кромид од пиљарата во Рамсторе
црвени лути пиперки (количина по желба) од пиљарата во Рамсторе
1 домат од пиљарата во Рамсторе
½ чаша доматно салце Тат
½ црвена пиперка исецкана
сол, бибер, чили пиперчиња
1. Квасецот измешајте го со шеќер и малку вода и оставете го да надојде. Измешајте го брашното со солта и додадете го надојдениот квасец и измесете тесто со останатите додатоци. Тестото мора да биде глатко и несмее да се лепи. Оставете го да надојде околу еден саат.
Смеса со мелено месо:кромидот исецкајте го и испржете го малку со масло, додадете ја исецканата пиперка и малку подинстајте ја, додадете го меленото месо, доматот и зачините. Смесата треба да биде густа и не треба многу да се динста бидејќи дополнително ќе се пече.
2. Тестото поделете го на 10 делови или на колку сакате и размесете ги во овален облик, наполнете ги со смесата и преклопете ги краевите. Ставете ги во тепсија, премачкајте ги со жолчка и печете на 180C околу 20-25 мин. Кога се готови премачкајте ги со стопен путер.
Сервирање
Пидето може да го полните и со сирење, спанаќ или по ваша желба