Јазик:

Објавено на: 10.02.2016

ПИДЕ СО МЕЛЕНО МЕСО

Состојки за тесто:

500гр брашно

1 кесичка сув квасец

100мл млако млеко

100мл млака вода Абант

1 мала лажичка сол

1 мала лажичка шеќер

2 лажички Тариш Ривиерамаслиново масло

1 белка од јајце

 

Состојки за смеса со месо:

500гр мелено месо од месарата во Рамсторе

1 црвен кромид, 1 бел кромид од пиљарата во Рамсторе

црвени лути пиперки (количина по желба) од пиљарата во Рамсторе

1 домат од пиљарата во Рамсторе

½ чаша доматно салце Тат

½ црвена пиперка исецкана

сол, бибер, чили пиперчиња

1.    Квасецот измешајте го со шеќер и малку вода и оставете го да надојде. Измешајте го брашното со солта и додадете го надојдениот квасец и измесете тесто со останатите додатоци. Тестото мора да биде глатко и несмее да се лепи. Оставете го да надојде околу еден саат.

Смеса со мелено месо:кромидот исецкајте го и испржете го малку со масло, додадете ја исецканата пиперка и малку подинстајте ја, додадете го меленото месо, доматот и зачините. Смесата треба да биде густа и не треба многу да се динста бидејќи дополнително ќе се пече.

 

2.    Тестото поделете го на 10 делови или на колку сакате и размесете ги во овален облик, наполнете ги со смесата и преклопете ги краевите. Ставете ги во тепсија, премачкајте ги со жолчка и печете на 180C околу 20-25 мин. Кога се готови премачкајте ги со стопен путер.

Сервирање

Пидето може да го полните и со сирење, спанаќ или по ваша желба

Recipes

No post found