ПОЛИТИКАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА

олитиката за безбедност на храна на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје е задоволување на барањата на своите купувачи пред се со нудење на производи и услуги со врвен и проверен квалитет. Со цел да ги оствариме барањата на купувачите, а при тоа придржувајки се до правилата и препораките за испорака на добар и квалитетен производ, континуирано ги одржуваме стандардите за испорака на безбеден производ и хигиена на храната. РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје ова го обезбедува преку придржување кон следниве принципи:

  • Идентификација на основните принципи на хигиена на храната со цел да се обезбеди безбедна храна погодна за употреба од страна на купувачите.
  • Задоволување на барањата на купувачите: Бидејки купувачот за нас е секогаш во предност во поглед на своите барања во врска со обезбедување на квалитетен производ и услуга, одржуван според законските барања во земјава се трудиме да стекнеме се поголема доверба кај нашите купувачи. Бидејки тие се секогаш во предност ние постојано се прилагодуваме кон нивните барања при тоа задоволувајки ги нивните желби.
  • Почитување на вработените: Преку постојан контакт со вработените ги следиме сите нивни проблеми кои заеднички ги решаваме, а тој начин обезбедивме добар тим.
  • Обученост на вработените за работното место на кое се поставени, пред се придржувајки се кон барањата за задоволување на условите со добра хигиенска пракса, а со цел за сведување на ризиците на прифатливо ниво.
  • Воспоставување на континуиран партнерски однос со добавувачите и на тој начин зголемувајки ја довербата и продолжувајки ја соработката, а при тоа наогајки заедничко решение на сите потенцијални проблеми.
  • Почитување на правилата за обезбедување на чиста околина, на кој начин се допринесува со одржување на хигиената да се одстранат негативностите кои можат да се јават.
  • Воведување и одржување на системот за управување со квалитет според барањата на HACCP по CODEX ALIMENTARIUS CAC/RCP 1-1969, Rev. 4-2004. Унапредувањето во поглед на квалитетот и задоволување на барањата кои ќе ги сведат ризиците на прифатливо ниво се наша приоритетна задача.

 

РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје

 

nassar