Како до Рамстор Клуб картичка ?

Рамстор Клуб картичка можете да купите на каса по цена од 30,00 денари во секој Рамстор Супермаркет и има неограничен рок на употреба.

Заедно со картичката добивате формулар за пополнување на Вашите податоци. Ве молиме пополнетиот формулар да го оставите на Инфо пултовите во Рамстор маркетите со цел внесување на Вашите податоци во нашата база на корисници. Секогаш кога ќе дојдете на каса, Ве молиме да ја прикажете Вашата Рамстор Клуб картичка, каде што касиерката уредно ќе ја помине на каса.

Секоја Рамстор Клуб картичка има единствен регистарски број.
Доколку биде оштетена или изгубена истата не може да се замени.

КУПЕТЕ Рамстор клуб картичка и ќе добиете:

1 основна картичка 3 ДОПОЛНИТЕЛНИ КАРТИЧКИ ЗА Вашето семејство
Малите картички се практични и можат да се носат постојано како приврзок на
Вашите клучеви.

Поволности од користењето на Рамстор Клуб картичката

Со Ramstore картичката  нашите купувачи добиваат шанса да купат одредени производи по пониска цена и воедно врз база на истите производи  да соберат поени. Поените кои ќе ги соберат нашите купувачи денес, истите веќе од следниот ден можат да ги искористат во вид на готовина.

Ексклузивна придобивка на Рамстор Клуб картичката е можноста за собирање на поени.

Како собирате поени? Многу едноставно!
Побарајте ги специјално обележаните производи во Рамсторама кои покрај намалената цена Ви носат и поени на вашата Рамстор Клуб Картичка.

Поените можете да ги искористите за:

  • купување на кои било производи од маркетите.

Кога и како се собираат поените?

Поените се собираат кумулативно 12 месеци од почетокот до крајот на календарската година.

Користење на поените од Вашата Рамстор Клуб картичка е многу едноставно:

Собраните поени можете да ги користите веќе од наредниот ден по вашето прво пазарење во новата година односно од 02/01 или било кој друг ден во рамките на календарската година.
Пример:

За календарска 2024 година, собраните поени можете да ги користите од  02/01/2024 до 01/01/2025 год.

После секој период неискористените поени се бришат од Вашата Рамстор Клуб картичка и почнува нов период на собирање на поени.

Доколку сакате да се информирате за вкупниот износ на собраните поени – тоа можете да го направите на било која каса во нашите маркети.

Побрзајте искористете ги по ваша желба. Ве очекуваме.

ПОЕН ПРОМОЦИЈАТА ВАЖИ ЗА МАЛОПРОДАЖБА И Е ЛИМИТИРАНА НА 50 ПРОИЗВОДИ ОД СЕКОЈА ПОЕДИНЕЧНА ПРОМОЦИЈА!

Најверниот купувач

Рамстор промоциите со назнака за “најверниот купувач” означуваат определување
на најверниот купувач врз основа на базата на податоци што е формирана токму од
регистрираните Рамстор Клуб картички. Никогаш не ја пропуштајте можноста да бидете најверен купувач на Рамстор бидејќи тоа значи многу погодности, вредни подароци,патувања и сл.

Регистриран Рамстор Клуб корисник

За регистриран рамсторе клуб корисник се смета секој корисник кој подесува рамсторе клуб картичка регистрирана со следниве податоци: име и презиме, мобилен број и емаил адреса.

Рамстор маркетите секогаш ги наградуваат своите најлојални купувачи.

Во секое унапредување и усовршување на промоциите вклучени се сите постојани и идни сопственици на Рамстор Клуб картичка.

ВАШАТА РАМСТОР КЛУБ КАРТИЧКА ВИ НОСИ БЕЗБРОЈ ПРЕДНОСТИ И ПРИВИЛЕГИИ.
БИДЕТЕ НАШ ПРИВИЛЕГИРАН РАМСТОР КЛУБ ЧЛЕН