Политика за одговорна набавка

1.Цел

Со оваа политика ние како Рамсторе ги претставуваме сите правила кои очекуваме нашите добавувачи да ги почитуваат и кои се во согласност со нашите принципи за одговорна набавка, како и со нашата политика за спроведување на ревизија на добавувачот.

Рамсторе им jа претставува својата Политика за одговорна набавка на сите добавувачи, клиенти и закупци преку сите канали на комуникација, вклучувајќи ги и договорите за соработка. 

2.Принципи кон кои треба да се придржуваат добавувачите 

Рамсторе користи услуги од компании кои се основани во согласност со законите и работат преку почитување на истите и кои вршат плаќања на сите компании, вклучително и на агенциите кои се вклучени во застапување/прокси и деловни партнерски односи во согласност со законите. 

  • Од добавувачите со кои соработуваме ние, како Рамсторе очекуваме;
  • Да ги почитуваат принципите на човекови права,
  • Да ги почитуваат националните и меѓународни етички правила,
  • Да ги почитуваат правилата за здравје и безбедност при работа,
  • Да ја заштитуваат животната средина и природните ресурси,
  • Да дејствуваат во согласност со сите национални и меѓународни регулативи во сите процеси кои ги нудат како производи и услуги, маркетинг, логистика, производство и финансиско работење како и човечки ресурси.
  • Ние како Рамсторе од сите наши добавувачи очекуваме не само да се придржуваат кон задолжителните барања туку да работат и во насока на нивно постојано унапредување во рамки на „Политиката за квалитет на Рамсторе„ и ја обезбедуваме сета информациска поддршка која им е потребна на добавувачите.  
  • Усогласеност со Принципите за човекови права 
  • Слобода на организирање и право на колективни договори за работа

Нашите  добавувачи мораат да ги почитуваат правата на нивните вработени да се здружуваат или да не се здружуваат, како и нивното право на слободно организирање и мора да дејствуваат во согласност со сите локални и национални закони кои се однесуваат на колективните договори за работа.

  • Спречување на присилна работа и злоупотреба

Нашите добавувачи мораат да забранат секаков вид на присилна работа и злоупотреба, вклучително и на работа во затвор, работа во војска, ропство или трговија со луѓе и мораат да дејствуваат во согласност со националните и меѓународни закони кои се однесуваат на присилната работа и злоупотреба.

  • Детски труд

Нашите добавувачи мораат да делуваат во согласност со националните и меѓународните закони и регулативи кои забрануваат детски труд.

  • Броба против дискриминација

Нашите добавувачи се должни да спречат дискриминација и вербално и физичко вознемирување на работното место. Дискриминацијата треба да биде спречена во сите фази на процесот на вработување. Потребно е имплементирање на процеси кои се базираат исклучиво на талент, успешност и искуство. Нашите добавувачи се должни да постапуваат согласно националните и меѓународните закони и регулативи кои се однесуваат на дискриминацијата и вознемирувањето.

2.1.5 Работно време и плати

Нашите добавувачи се должни во целост да ги почитуваат законите и регулативите кои се однесуваат на платите, прекувремената работа и останатите бенефиции.

  • Усогласеност со етичкиот кодекс (Борба против поткуп и корупција)

Нашите добавувачи кон своите вработени, соработници, деловни партнери, добавувачи, клиенти, конкуренти, животната средина и заедницата не смеат да се однесуваат на начин кој може да ја компромитира заедничката доверба во нивните заемни деловни односи.

Нашите добавувачи се должни да ги чуваат во тајност сите информации кои се однесуваат на Рамсторе, а со кои се имаат стекнато за време на меѓусебните деловни односи. Тие не смеат да ги споделуваат овие информации со било кое физичко или правно лице без дозвола на Рамсторе.

Тие не смеат да нудат какви било подароци, корист или помош на вработените во Рамсторе  кои би влијаеле на нивната објективност и би можеле да се сметаат за поткуп. Заради тоа, не е прифатлива било каква понуда на вработените за специјална организација, одмор или аранжман, со исклучок на деловните ручеци. Забрането е подарување на какви било поголеми подароци освен чоколади и нотеси кои се поклонуваат за празници и Нова година.

  • Усогласеност со здравје и безбедност при работа

Нашите добавувачи се должни да им обезбедат безбедна и здрава работна средина на своите вработени. Тие мора да се однесуваат во согласност со сите национални и меѓународни закони, регулативи и правила кои се однесуваат на здравјето и безбедноста.

  • Заштита на животната средина и природните ресурси

Со цел на идните генерации да им оставиме поздрава и побезбедна животна средина,  очекуваме сите наши добавувачи да го држат под контрола нивното влијание врз животната средина и да придаваат значење на производството и ефикасното користење на ресурсите.

  • Принцип на постојано подобрување

Во согласност со „Политиката за квалитет на Рамсторе за безбедност  на храна, заштита на животната средина, здравствена заштита и заштита при работа и управување со енергијата„, а  во прилог на следење на производството на „Квалитетни и безбедни производи„ на нашите добавувачи, ние ја следиме нивната ефективност во однос на прашања поврзани со правата на работниците, безбедност и здравје при работа, спроведувањето на работата, влијанието врз животната средина и безбедното производство.  Во оваа смисла, ние сме предмет на ревизија  спроведена од страна на ревизорски компании кои се сертифицирани со ISO 17020  во однос на барањата за анализа на ризик на производите опфатени со портфолиото на Рамсторе. Овие ревизии можат да се вршат со или без претходна најава. Од нашите добавувачи очекуваме постојано да ја унапредуваат нивната успешност во поглед на ревизијата и им даваме поддршка и насоки кои придонесуваат кон нивно постојано подобрување.

За време на набавката на локални, национални и меѓународни производи ние на нашите добавувачи им даваме поддршка за постојано подобрување, преку насоки за квалитетот на производите и усогласеноста со законските прописи.

Рамсторе ги поддржува своите добавувачи да развиваат производи кои се произведени согласно принципите на одржливост. Во оваа смисла, ние од нашите добавувачи очекуваме да поседуваат национални и меѓународни сертификати, а доколку ги немаат истите ги охрабруваме да го започнат процесот за нивно стекнување.

3.Ревизија на добавувачите и инспекција на производите

Ние како Рамсторе следиме посебна програма за ревизија на производи и одобрување на производи од нашите добавувачи.

Опфатот на одобрувањето на добавувачите на Рамсторе е следен:

  • ISO 22000 (Систем за управување со безбедност на храна)

Ние ги користиме глобалните стандарди како наш водич за безбедност на производите и имаме за цел да испорачуваме производи под здрави услови и на тој начин да ја одржиме безусловната доверба на нашите клиенти. Во оваа насока,  не само што вршиме инспекција на производните капацитети, туку ги следиме и сите фази на набавката се додека производот не стигне до клиентот, преку користење на услуги од надворешни акредитирани лаборатории. Како резултат на овие инспекции, производите кои соодвествуваат на законските прописи и стандардите на Рамсторе се ставаат во продажба. Сите наши маркети се контролираат без претходна најава од страна на нашите врботени и независни надворешни компании со цел да се одржи континуитетот во Системот за управување со квалитетот.