КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
Рамсторе Македонија секогаш им нуди на клиентите современи, сигурни, економски и квалитетни производи за да постигнат одржлив квалитет и секторско лидерство во согласност со своите стратегии и мисија. Рамсторе е Првиот продавач на храна со сертификат за систем за управување со безбедност на храна документиран од Интернационално Сертификациско Тело.
Целта на Рамсторe, компанија која ги смета светските стандарди за нејзин водич во безбедноста на храната; е да се обезбеди здрава животна средина за сите производи за да се обезбеди безусловна сигурност на клиентите со користење на пристапот “управување со ризик” во сите процеси со квалитет и безбедноста на производите за да се намали опасноста на минимум. Како резултат на работата спроведена од Рамсторе Македонија во овој опсег, компанијата го доби сертификатот “IS0 22000 за управување со безбедноста на храната” во 2016 година. Фокусот на системот е да ги спроведува инспекциите за безбедност на храна со ефикасен и динамичен пристап и систематско управување и контрола на HACCP анализа на опасностите, оперативни предуслов програми и предуслов програми.
Рамсторе Македонија е меѓу првите компании во Република Македонија кои воведоа ефикасен систем за интегрирано управување со квалитетот и безбедноста на храната во својaта малопродажна мрежа и производен процес. Нашата главна одговорност е, секако, гарантирање беспрекорен квалитет на нашите производи во секоја фаза од нивното производство, продажба, почнувајќи од суровините до финалниот производ, вклучувајќи ги и транспортот и дистрибуцијата, па сè до последната фаза на процесот, која се состои од уживање во нашите производи.
Нашиот систем за интегрирано управување со квалитет и безбедност на храна е подложен на постојано одржување, надградба и унапредување – сè со цел одржување на врвниот квалитет и безбедноста на нашите производи. И натаму остануваме посветени на целта на нашите клиенти и потрошувачи да им го понудиме само најдоброто.
Една од главните движечки сили на нашата компанија е квалитетот. И кога велиме квалитет, не мислиме само на квалитетот на нашите производи, туку и на квалитетот на животната средина, работната средина за нашите вработени, технологијата што ја користиме, процесите на работа, дистрибуцијата, пакувањето и сето она што секојдневно го работиме и со што влијаеме на состојбите во нашата компанија и пошироко, во нашето општество.
Беспрекорниот квалитет се постигнува, се одржува и континуирано се унапредува преку систематско воведување и целосна усогласеност со голем број процедури и стандарди. Нашата компанија е лидер во Македонија во креирањето и управувањето на системот за безбедност на храна, а овој заклучок е поткрепен со факти. Рамсторе Македонија е првата компанија во земјава која има воведено стандард за интегрирано управување со безбедност на храна ISO 22000 во делот на малопродажба, како надградба на веќе постоечките ISO 9001 и HACCP.
Ние во „Рамсторе Македонија” силно веруваме дека патот кон долгорочен успех е водење бизнис на одговорен, транспарентен и етички начин. Нашата компанија е изградена на тие вредности и сакаме со преточување на овие вредности во пошироката бизнис-заедница да помогнеме кон изградба на едно поуспешно општество. Целокупното наше работење води кон раст и развој на компанијата, но секогаш со креирање дополнителна вредност и на заедницата на која ѝ припаѓаме како единствен пат за нашиот одржлив развој.