Политика за спречување на поткуп и корупција

1.Цел

Во основата на пристапот кон корпоративна одговорност на Рамсторе лежи усогласеноста со законите и принципите на корпоративното управување. Во насока на нашата посветеност на високите етички стандарди на Рамсторе, ние работиме како целина во насока на спречување на поткупот и корупцијата.

Со оваа политика, која е одраз на етичките стандарди на Рамсторе, имаме за цел многу отворено и јасно да ја презентираме нашата посветеност и нашиот пристап кон оваа тема.

2.Опфат

Политиката за спречување на поткуп и корупција не се однесува само на вработените во компанијата туку и на сите деловни партнери кои делуваат во име на компанијата или даваат услуги на компанијата.

Политиката ги опфаќа следните групи:

  • Сите вработени во компанијата вклучувајќи го Генералниот менаџер и менаџерскиот тим,
  • Добавувачите и изведувачите,
  • Аутсорсинг компании и вработени,
  • Луѓето и компаниите кои работат директно или индиректно за компанијата како претставници, дистрибутери и агенциите.

3.Одговорности 

Менаџмент на компанијата ;

Менаџментот на нашата компанија ја дава потребната поддршка за имплементирање на оваа политика и го креира и воспоставува интерниот систем за контрола потребен за спречување на поткупот и корупцијата. Обезбедува воспоставување на потребните канали за комуникација во функција на известување за злоупотреби на политиката и ги презема потребните мерки за да ја зачува приватноста и безбедноста на лицата кои известуваат за ваквата злоупотреба. Менаџментот на Рамсторе, почитувајќи ги законските одредби од Законот за заштита на укажувачи на корупција (Службен весник на РМ бр.196/15), го усвои Правилникот за заштитено внатрешно пријавување и назначи Овластено лице за прием на пријави од укажувачи.

Менаџментот води сметка за спроведувањето на потребните испитувања и истражувања во врска со поднесените жалби, поплаки и предупредувања.  Тие гарантираат спроведување на ревизии со цел да се провери усогласеноста со законите, регулативите, процедурите и дали се применуваат политиките и се преземаат корективни мерки.

Раководители, вработени и деловни партнери;

Сите наши вработени за обврзани да ја прифатат Политиката за спречување на поткуп и корупција и да се однесуваат во согласност со принципите кои се наведени во политиката.

Раководителите водат сметка за тоа принципите на политиката да бидат разбрани од страна на вработените и деловните партнери кои се под нивна одговорност и управување, дека истите се имплементирани и одржани и дека жалбите, предупредувањата и поплаките се пренесени преку каналите за комуникација на нашата компанија.

Вработените не смеат под било какви услови и од страна на кого било да бидат присилени да делуваат во спротивност со оваа политика. Сите вработени во компанијата се одговорни да ги известат нивните раководители и/или преку каналите за комуникација на компанијата за какви било прекршувања на оваа политика или специфични ситуации.

Доколку луѓето и комапиите поврзани со Рамсторе се вклучени во било какви постапки кои се незаконски или неетички, нашата компанија исто така ќе биде одговорна; поради тоа, од сите наши деловни партнери, особено од добавувачите и договорните страни, очекуваме да се однесуваат во согласност со законите и регулативите и воедно да ги прифатат етичките правила на Рамсторе, релевантните директиви и процедури, како и текстот и правилата на оваа политика. 

4.Борба против поткуп и корупција

Наш основен принцип како Рамсторе е придржување кон универзалните законски прописи, закони и регулативи кои се однесуваат на поткупот и корупцијата, како и кон  етичките и професионални принципи во сите држави каде што работиме и сме застапени.

Оваа политика го зајакнува имплементирањето на сите наши активности во согласност со законите, регулативите, процедурите, етичките стандарди на Рамсторе и другите регулативи на правилен, фер и искрен начин. Истата се спроведува во согласност со нашата посветеност за аштита на правата на сите сите наши соработници/чинители.

Ние, како Рамсторе, забрануваме секаков вид на поткуп и корупција во нашите активности во сите земји каде работиме или сме застапени. За сите кои се опфатени со оваа политика е забрането да понудат одредено плаќање или вредносен предмет со цел да добијат одредени придобивки на незаконски или неетички начин, дури и ако истото е во корист на компанијата, или пак да прифатат таква понуда од други лица или компании, или да бидат вклучени во било какви незаконски или неетички дела кои би можеле да се сметаат за поткуп или корупција, дури и ако оваа пракса постои во државата или подружницата во која се работи.

Ние ги штитиме законските права на владините институции, нашите добавувачи, нашите клиенти, нашите вработени и дургите наши соработници. Без разлика на паричната вредност или појавата на бараната услуга, дури и ако вредноста на придобивката  е  многу ниска или ветената услуга за возврат сеуште не е реализирана, ваквото прашање се смета за залоупотреба на Политиката за спречување на поткуп и корупција.

Дополнително на поткупот и корупцијата, сите дела кои значат повреда на деловната етика ќе бидат казнети од страна на Рамсторе. Следствено на ова, од нашите вработени се очекува овие теми да ги третираат со претпазливост и да ги сметаат за нивна лична одговорност, во и надвор од нивниот професионален живот.

Согласно нашата политика на отворени врати, доколку се прекршат принципите на Етичкиот кодекс на Рамсторе или на Политиката за спречување на поткуп и корупција, нашите вработени или соработници можат да стапат во контакт со нашата администрација директно преку нашите канали за комуникација. Доколку нашата компанија претрпи загуба во случај на злоупотреба на овие правила, ние исто така имаме свои правила за преземање мерки во однос на нашите вработени и за заштита на нивните права.

4.1. Главни ризични области во однос на поткупот и корупцијата

Рамсторе ги гледа поткупот и корупцијата како дел од праксите за управување со ризици и овие прашања се истражуваат преку пристап фокусиран на ризици преку нашиот систем за внатрешна ревизија. Идентификуваните ризици и нивното можно вијание се предмет на проценк преку нашата внатрешна ревизија. Воедно нашата компанија врши проценка на ризиците поврзани со корупција кај позициите со висок ризик од аспект на поткуп на вработените.

4.1.1. Подароци и гостопримство

Нашите вработени се должни да се придржуваат кон законите и регулативите и да одбиваат секаков вид на подароци како предмети, услуги, готовина и чекови од трети лица кои би можеле да влијаат на изборот и одлуките на нашата компанија или се дадени со цел спроведување на работата во нивната област на одговорност без разлика на цената. Нашите вработени не смеат да нудат подароци, гестови на гостопримство или други понуди кои можат да бидат или се дадени со цел да се влијае на одлуките на другите компании во врска со нашата комапнија. Сите наши вработени се обврзани да бидат внимателни во однос на прашањата кои се наведени во публикациите на нашата компанија кои се однесуваат на правилата за подароци и гостопримство и да се однесуваат во согласност со Етичкиот кодекс на Рамсторе.

4.1.2. Посредници

Бидејќи дело на корупција извршено од трета страна може да се смета дека е извршено од страна на Рамсторе, мора да се изврши доволен и внимателен мониторинг со цел да се осигура дека компаниите посредници ги поседуваат вистинските квалификации за работата која ја вршат и деловните соработки да се воспоставуваат со комапнии кои делуваат во согласност со политиката на нашата компанија и не и наштетуваат на нашата репутација.

4.1.3. Оние кои работат со репрезентација, добавувачи и изведувачи

Од луѓето кои работат на претставување на нашата компанија преку воспоставување на односи со Рамсторе и од сите добавувачи и изведувачи се очекува да постапуваат во согласност со сите валидни законски регулативи и закони за поткуп и корупција.

Луѓето кои работат како агенти на Рамсторе кои обезбедуваат консултации на менаџментот и кои се вклучени во операции како сметководство, анкети, информатички технологии или управување со објекти не смеат да воспоставуваат соработка со лица и/или компании како добавувачи и изведувачи за кои се сомневаат дека даваат поткуп; доколку веќе имаат воспоставено таква соработка треба веднаш штом дознаат за таквата ситуација да стават крај на истата.

4.1.4. Политички донации

Во Рамсторе, незаконски е да се вршат било какви плаќања и да се даваат финансиски и/или слични бенефиции на политички партии, политичари или други компании со цел да се добијат поповолни позиции во процедурите.

4.1.5. Донации за помош и спонзорства

Сите барања за донации и спонзорства од Рамсторе заради давање помош мора да бидат законски и во согласност со регулативата, политиката, директивата и правилата на Рамсторе. Сите донации и спонзорства за помош мора да бидат спроведени на транспарентен и јавен начин. Ова се постигнува преку поставување на транспарентни критериуми за избор на примачите и oбјавување на листи на големите донации кои се вршат јавно.

4.2. Соочување или сомневање за поткуп и корупција

Сите наши вработени се должни веднаш да ги известат своите надредени и/или преку каналите за комуникација на компанијата да известат за било каква ситуација на поткуп и корупција со која ќе се соочат или за која се сомневаат.

Вработените се одговорни да пријаватна која било од следните ситуации:

  • Доколку поткуп е понуден на некој од вработените или нивен колега
  • Било каква врска на корист и/или конфликт на интерест кои му се познати на нашиот работник или бил сведок на истите
  • Било каква неусогласеност откриена во евиденциите на компанијата
  • Некаков став или дело кои можат да бидат толкувани како покровителство и поддршка на интересите при тендери и купопродажба
  • Давање придобивки на некој наш клиент или добавувач преку прекршување на законските прописи и нашите интерни процедури.
  • Која било компанија или индивидуа во рамки на компанијата или надвор од неа кои го принудуваат нашиот вработен или неговите колеги, да се однесуваат спротивно на етичките правила на Рамсторе.

 4.3. Санкции за дела и ставови кои се однесуваат на злоупотреба

Како што сите регулативи, процедури и инструкции се спроведуваат целосно во сите работи, така и Политиката за спречување на поткуп и корупција мора да биде усвоена и имплементирана од страна на сите страни засегнати со политиката.

Секоја злоупотреба на нашата „Политика за спречување на поткуп и корупција„ од страна на добавувачите или изведувачите ќе резултира со раскинување на договорот за соработка.

Секој прекршок на овие правила од страна на нашите вработени се третира од страна на нашите оддели вклучувајќи го Одделот за човечки ресурси, Одделот за финансии, Одделот за маркетинг и Одделот за лизинг и истите се пријавуваат до Менаџментот на Рамсторе. Доколку овие правила се прекршени од страна на нашите вработени, ќе бидат свикани состаноци на дисциплинската комисија на кои присуствуваат претставници на Одделот за човечки ресурси, Одделот за финансии и претставник од одделот во кој работи вработениот согласно одредбите на Законот за работни односи. Секое кршење на етичките правила на Рамсторе или на нашата Политика за спречување на поткуп и корупција од страна на вработен може да резултира со раскинување на нивниот договор за работа.

4.4 Следење и известување

Комисијата за етика на Рамсторе се среќава четири пати годишно со учество на раководители од повисокото ниво со цел да ги евалуираат наодите од внатрешната ревизија во однос на корупцијата или поткупот и прашањата кои се однесуваат на етичките принципи. При идентификување на високи нивоа на ризик, Комисијата за етика на Рамсторе која се состанува со учество на раководителите од повисоките нивоа, ги евалуира овие ризици.

Како дел од нашето корпоративно управување нашата Комисијата за ревизија и Комисијата за етика подготвуваат извештаи кои се однесуваат на нашата политика за спречување на поткуп и корупција, за нашето повисоко раководство.