Месара – Секогаш квалитетно, свежо и вкусно месо

Во нашите специјализирани месарници нудиме секогаш свежо пилешко, свинско, јунешко, телешко, зајачко месо како и подготовки од месо.

Месото кое го продаваме е со највисок квалитет, се набавува од реномирани производители од Македонија и странство. Истото се обработува и подготвува во нашиот погон за производство и се дистрибуира за продажба во маркетите согласно сите барања за производство на безбедна храна HACCP.

 

Ново пакување сaмо во Рамстор

 

Специјално подготвено во нашата месара

Од почетокот на Ноември 2015 подготовките од месо (мешано мелено месо, јунешко мелено месо, ќебап, плескавица, шарска, ајдучка) се пакуваат во специјално пакување кое го има само во Рамстор маркетите.

  • Производите од месо спакувани во заштитна атмосфера, се подготвени согласно сите барања за производство на безбедна храна HACCP.
  • Пакувањето во заштитна атмосфера е добро воспоставена техника на пакување на природен начин, која ја одржува храната безбедна и свежа.
  • Производите кои се спакувани во стандардна амбалажа остануваат свежи еден до два дена додека производите спакувани во оваа амбалажа остануваат свежи и се безбедни за конзумирање до крајниот датум означен на пакувањето.
  • Производите се спремни за подготвување и потрошувачите може да ги подигнат од реонот без да чекаат.
  • Лесно и практично пакување бидејќи амбалажата не пропушта.

Производите се достапни во сите маркети во Скопје, Куманово, Охрид и Кичево.