ПОЛИТИКАТА И ЦЕЛИ ЗА КВАЛИТЕТ

РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ја утврдува оваа политика на квалитет со која се обврзува производите кои ги испорачува и услугите кои ги нуди да ги исполнат искажаните и реалните барања на нивните корисници, барањата на Системот за управување со квалитет ISO 9001:2008, како и важечките законски обврски.

Политиката за квалитет на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА e:

1. Постојано да ги проучуваме потребите на крајните корисници за да ги разбереме и да ги исполнеме нивните барања, секогаш настојувајќи да ги надминеме нивните очекувања

2. Сите одлуки кои ги носиме да се засноваат врз претходни истражувања на пазарот, анализи, адекватни податоци и проверени факти

3. Нашата решеност е постојано да создаваме услови за континуиран развој

4. Сите вработени, на чело со највисокото раководство, активно учествуваат во реализацијата на процесите согласно барањата на Стандардот ИСО 9001:2008 и на Системот за безбедност на храната НАССР

5. Нашето деловно однесување се заснова на: искреност, интегритет и највисока бизнис етика

6. Преку нашиот развој да придонесеме кон развојот на економијата во Република Македонија и да бидеме општествено одговорна организација

Остварувањето на поставената цел се планира со координирано исполнување на следните подцели:

  • Купувачите се секогаш во право! Да ги почитуваме правата на потрошувачите кои им се законски загарантирани и да се грижиме во целост да ги исполнеме сите нивни барања
  • Да се грижиме за личната безбедност, безбедноста на имотот и на личните податоци на потрошувачите и вработените согласно законската регулатива и согласно барањата на Стандардот ИСО 27001:2014
  • Да ги почитуваме законските одредби за безбедност на храната со цел купувачот да добие здрава и безбедна храна и да биде задоволен од добиеното за своите пари
  • Да се грижиме комуникацијата и деловните односи во организацијата да бидат на највисоко деловно ниво и да се почитуваат правата на вработените согласно Законот за работни односи
  • Да се грижиме за заштитата на животната средина, која е огледало на нашата компанија и на објектите во кои ја извршуваме дејноста

 

РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје

 

Certificate_SO1_1319_206Cert-logo