Јазик:

ПИЛАВ СО АРПА ФИДЕ И НАУТ

Потребни состојки

2 чаши Сезон Балдо ориз

1 филџан Долче Виллас арпа фиде

1 чаша ТАТ варен наут

2 супени лажици путер

2 чаши врела вода

1 кафена лажица сол

Подготовка:

Оризот убаво се мие и се става да отстои половина час во млака вода. Во тенџере го ставаме арпа фидето и го пропржуваме се додека не добие розеникава боја. Исклучете го  шпоретот и почекајте малку да се олади тенџерето. Потоа во фидето додадете путер и мешајте додека путерот не се истопи. Исцедето го оризот од водата и додадете го во тенџерето, продолжете со мешање. Зовриената вода ја додавеме во оризот, додаваме сол и готвиме на средна температура се додека убаво не се свари. Откако оризот ќе се свари го тргаме тенџерето на страна и го покриваме со салфета и затвораме со капак.

КОСТЕБЕК ТОРТА

Содржина на 1 пакување:

275 гр. Брашно
135 гр. Крема во прав
40 гр. Чоколадни пачиња

Додатоци за брашно:

100 гр. Meк Маргарин
2 јајца
75 мл. Млеко

Додатоци за кремот:

350 мл. Ладно млеко
3 банани

Потребен е калап за печење 26см.

ДР. ОЕТКЕР ЧОКОЛАДНО СУФЛЕ 180ГР.

Содржина на 1 пакување

160 гр.  Мешавина од брашна
20 гр. Шеќер во прав

Дополнителни состојќи:

50гр. Маргарин или путер
50мл. Масло за јадење
125мл. Млеко
2 јајца

ТИРАМИСУ

Според рецептот за тестото да се додаде ; 50 гр. мек маргарин, 2 јајца, 50 мл. Млеко.

За омекнување на пандишпанот: 350 мл. Млеко, 1-2 супени лажици кафе

2-3 супени лажици шеќер во прав

по желба додадете 1-2 лажици рум или ликер од бадем

за кремата: 400мл. ладно млеко, 200 гр. фета или сирење за торти.

1)     Подготовка на тестото:

Мешавината брашно, јајцата, млекото и маргаринот се матат со миксер околу 3 мин. Тестото се става во тепсија обложена со мрсна хартија за печење и се пече на препорачаната температура. Откако ќе се олади пандишпанот поделете го на два исти дела во должина.

2)     Подготовка на кремот и омекнување на пандишпанот:

Првиот дел од пандишпанот ставете го во сад за послужување. Омекнете го со половина од мешавината кафе, шеќер во прав и млеко. (по желба додадете рум или ликер од бадем) Кремата во прав и двете чаши ладно млеко ставете ги во соодветен сад и изматете со миксер околу 3 мин. потоа додадете го сирењето и поматете уште 1 мин.

3)     Декорација:

Омекнете  го долниот дел од пандишпанот и обложете со половина крема. Потоа ставете го горниот дел од пандишпанот и повторно омекнете го. Со останатата крема премачкајте ја тортата, ставете ја во фрижидер најмалку 1 час. Пред сервирање украсете ја тортата со правот за декорација и сервирајте.

Тестото се пече во претходно загреана рерна од 160 С од 15-25 мин.