Јазик:

АШУРЕ

Потребни состојки:

1/5 кг.сезон пченица
1 чаша тат варен наут
1 чаша тат варен грав
1 чаша ориз
100гр суви кајсии, измиени и исечкани на ситно парчиња
50гр фасл-и бахар сува рибизла
50гр фасл-и бахар пињоли
100гр суво грозје
суви смокви ситно исечкани  (по желба)
1 кг шеќер во прав

Подготовка:

1. Пред да почнете со арење на ашурето, ја ставаме пченицата во тенџере со вода и малку ја варие.
2. Откако ќе зоврие пченицата, го гасиме огнот и го оставаме да отстои 8-9 часа.
3.После 8 часа стоење ,пченицата се вари на ниска температура се додека убаво не омекне(околу 2,5-3 часа) Доколку нема доволно вода во тенџерето, се додава зовриена вода.
4.На самиот крај , откако пченицата убаво ќе се свари, го додаваме убаво измиениот ориз и варениот наут, варениот грав и заедно ги вариме на тивка температура уште 15-20 минути со промешување.
5. Потоа ги додаваме сувите рибизли, сувото грозје и сувите кајсии. Се вари уште 15 минути со промешување, на крај додаваме шеќер во прав, уште малку промешуваме и го гасиме огнот.
7.По желба можете да додадете уште малку зовриена вода, доколку сакате потечна смеса.
8. Откако ќе се олади ашурето , се сервира во стаклени садови и се декорира со лешници , цимет, ореви и калинка.

Совет: Доколку на подготвеното ашуре се изренда портокал, ќе се добие малку побогат  и поубав вкус.

Зошто е корисно ашурето ?
– Ашурето не содржи холестерол бидејќи се состои само од растителни масти.
Покрај витамините Б2, Б1 и Ц1 содржи големо количество на железо, цинк, фосфор и калциум и затоа е пожелно да се користи, особено во зимските денови, против настинка.
Потребно е почесто да се внесува како храна, бидејќи е многу здраво. Ашурето е голем извор на енергија , особено за децата.

Помош за сите домакинки :

Доколку сакате веднаш да го подготвите – Ние секако дека го имаме само за вас ДрОткер Ашуре со сите потребни состојки, ваше е само да го истурите во подлабок сад и да го сварите.  По желба можете да додадете сварен грав, ориз, наут, леќа, јаболко, портокал, дуња итн. Декорирајте по желба со свежо овошје и апетисани.

КУРКУМА – ЛЕК ЗА 100 БОЛЕСТИ

Куркума е зачин кој доаѓа од коренот на растението Куркума Лонга, кое најдобро успева во Индија и на Карипските Острови. За овој зачин се верува дека е еден од најмоќните природни лекови поради состојката куркумин што ја содржи. Куркумата веќе со илјадници години има важна улога во индиската кујна и кујните од Јужна Азија, а по сознанијата за бројните поволни дејства на здравјето е се поприсутен и во кујните на западниот свет.

Куркума и кари

Иако за многумина овој зачин звучи егзотично, нештата стануваат појасни кога куркумата ќе се поврзе со карито. Имено, кари е мешавина од околу 20 различни зачини и семки, а куркумата е една од нив и е воедно одговорна за неговата жолта боја. Освен апсолутниот адут куркуминот, куркумата содржи и низа витамини – Б6, Б3, фолна киселина, како и минерали (калиум, железо, манган) и прехранбени влакна.

На што делува

Куркуминот прв пат бил изолиран пред два века, а структурата му била одредена во 1910 година. Уште од време на Ајурведа (1900 г. пр.н.е) на куркумата и биле препишувани бројни тераписки дејства на цела низа болести. Научните истражувања од последните 50 години само ги потврдиле неговите позитивни својства и докажале дека е вистинско чудо на природата. Неговото силно антиоксидативно, противвоспалително, антивирусно, антибактериско, антимикотичко и антиканцерогено дејство го прави делотворна терапија и превенција од малигни болести, дијабетес, алергии, артритис, Алцхајмерова болест и други хронични заболувања.

15 добри причини за да ја вметнете куркумата во секојдневното мени:

– поседува антисептички и антибактериски својства, корисна е за дезинфекција на рани и изгореници;

– одлична во превенција од рак на простата, кај постоечкиот го спречува понатамошниот развој;

– го спречува растот на ракот на дојката;

– куркумата е природна превенција од меланом: кај постоечкиот ги убива клетките на ракот и го спречува неговиот понатамошен развој;

– го намалува ризикот од детска леукемија;

ЧОРБА ОД ЦРВЕНА ЛЕЌА

Потребни состојки

  • 1 чаша Елиф црвена леќa
  •  1 главица кромид
  • 1 морков
  • 2 лажици масло за јадење
  • 1,2л вода
  • 1 супена лажица брашно
  • 1 супена лажица ТАТ салца од домати

Подготовка

Во тенџере ставаме масло за јадење и кромид и пржиме на тивок оган. Откако кромидот  ќе добие златна боја, додаваме 1 лажица брашно, 1 лажица салца од домати и мешаме. Потоа ја додаваме црвената леќа, морковот и повторно мешама, малку да се пропржат. Ја додаваме водата и вариме на тивок оган , додека морковот и леќата не омекнат. Зачинуваме по вкус со сол, мешан зачин и црн бибер. На крај целата смеса ја матиме во блендер, додека не се добие кремава целина.  По вкус сервирајте со лимон.

ДОМАШЕН ЛЕБ СО БРАШНО ОД НИКУЛЦИ

Припрема:

1 кг брашно Соќе
600 мл вода ( млака )
1 коцка свеж квасец (квасецот се става во 50 мл вода и една лажичка шеќер и две лажички брашно, се остава да ферментира )

Од брашното се остава мала количина, а во останатот се додава лажица сол, стасаниот квасец и водата. Сето тоа добро се замесува, Се остава покриено во топла просторија да стаса еднаш. После тоа се размесува и повторно се остава да стаса но овој пат веќе оформено и спремно за печење. Откако ќе стаса вториот пат се пече на 220 степени целзиусови во претходно загреана релна во подмачкан плех со зејтин.

Никулците освен што содржат квалитетни материи, спаѓаат во најбогатата храна за создавање и обновување на човековите клетки. Утврдено е дека зрното на житарицата во почетниот стадиум на никнење, содржи многу повеќе витамини. Никулците имаат голем ефект во намалување на холестеролот, зајакнување на имунитетот. Содржи железо кое помага во подобрување на крвта на слабокрвните.

Секое парче леб со ова брашно е полно со здравје

ДЕСЕРТ МУХАЛЕБИ СО КАЈСИИ

Припрема:

1 литар млеко се меша со смесата од кесичката Др.Оеткер Мухалеби, се вари на тивок оган со постојано мешање. Откако ќе зоврие мешајте уште 4 до 5 мин., и оставете да се олади. Во еден прикладен сад наредете суви кајсии на дното и малку оладениот десерт сипете го врз кајсиите.

Потоа ставете го во фрижидер да се олади. При послужување превртете го десертот, дополнително може да декорирате со сецкани ореви, лешници по ваша желба.

ПИДЕ СО МЕЛЕНО МЕСО

Состојки за тесто:

500гр брашно

1 кесичка сув квасец

100мл млако млеко

100мл млака вода Абант

1 мала лажичка сол

1 мала лажичка шеќер

2 лажички Тариш Ривиерамаслиново масло

1 белка од јајце

 

Состојки за смеса со месо:

500гр мелено месо од месарата во Рамсторе

1 црвен кромид, 1 бел кромид од пиљарата во Рамсторе

црвени лути пиперки (количина по желба) од пиљарата во Рамсторе

1 домат од пиљарата во Рамсторе

½ чаша доматно салце Тат

½ црвена пиперка исецкана

сол, бибер, чили пиперчиња

1.    Квасецот измешајте го со шеќер и малку вода и оставете го да надојде. Измешајте го брашното со солта и додадете го надојдениот квасец и измесете тесто со останатите додатоци. Тестото мора да биде глатко и несмее да се лепи. Оставете го да надојде околу еден саат.

Смеса со мелено месо:кромидот исецкајте го и испржете го малку со масло, додадете ја исецканата пиперка и малку подинстајте ја, додадете го меленото месо, доматот и зачините. Смесата треба да биде густа и не треба многу да се динста бидејќи дополнително ќе се пече.

 

2.    Тестото поделете го на 10 делови или на колку сакате и размесете ги во овален облик, наполнете ги со смесата и преклопете ги краевите. Ставете ги во тепсија, премачкајте ги со жолчка и печете на 180C околу 20-25 мин. Кога се готови премачкајте ги со стопен путер.

Сервирање

Пидето може да го полните и со сирење, спанаќ или по ваша желба

КАДАИФ

Потребни состојки

500 гр. кадаиф
200 гр. ореви
150-200 гр. путер
300 гр. шеќер
1 лимон
50 гр. суво грозје

ПОДГОТОВКА:

Намачкајте ја тепсијата со путер и наредете половина од кадаифот во тепсијата. Потоа ставете ги толчените ореви помешани со суво грозје, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот. Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути. Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимон сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел.

ТОРТИЉА-ГИРО

Потребни состојки

Тортиљи (теста за гиро)

700 грпилешки стек

Лук во прав,вегета, сол и зејтин

3 павлаки,3 лажици мајонез,1 лажица сенф, бибер,тцаѕики зачин.

1 марула,3 патлиџани.

Подготовка

Се пржи месото (стекот) ,се додаваат зачините лук во прав,сол и вегета.Откако ке се спржи месото се цепка на ситни парченца и се дели отприлика на 8 дела за рамномерна распределба.Тортиљите се премачкуваат со сосот од павлака,мајонез, сенф,бибер и тцаѕики зачин.Врз сосот се става убаво спрженото месо на средина,потоа марулата(ситно здробена) и парченца патлиџан.Тортиљите се превиткуваат 2 пати како палачинка а може да се пресечат и на половина и така да се јадат.

ПИЛАВ СО АРПА ФИДЕ И НАУТ

Потребни состојки

2 чаши Сезон Балдо ориз

1 филџан Долче Виллас арпа фиде

1 чаша ТАТ варен наут

2 супени лажици путер

2 чаши врела вода

1 кафена лажица сол

Подготовка:

Оризот убаво се мие и се става да отстои половина час во млака вода. Во тенџере го ставаме арпа фидето и го пропржуваме се додека не добие розеникава боја. Исклучете го  шпоретот и почекајте малку да се олади тенџерето. Потоа во фидето додадете путер и мешајте додека путерот не се истопи. Исцедето го оризот од водата и додадете го во тенџерето, продолжете со мешање. Зовриената вода ја додавеме во оризот, додаваме сол и готвиме на средна температура се додека убаво не се свари. Откако оризот ќе се свари го тргаме тенџерето на страна и го покриваме со салфета и затвораме со капак.

КОСТЕБЕК ТОРТА

Содржина на 1 пакување:

275 гр. Брашно
135 гр. Крема во прав
40 гр. Чоколадни пачиња

Додатоци за брашно:

100 гр. Meк Маргарин
2 јајца
75 мл. Млеко

Додатоци за кремот:

350 мл. Ладно млеко
3 банани

Потребен е калап за печење 26см.