Јазик:

ДР. ОЕТКЕР ЧОКОЛАДНО СУФЛЕ 180ГР.

Содржина на 1 пакување

160 гр.  Мешавина од брашна
20 гр. Шеќер во прав

Дополнителни состојќи:

50гр. Маргарин или путер
50мл. Масло за јадење
125мл. Млеко
2 јајца

ТИРАМИСУ

Според рецептот за тестото да се додаде ; 50 гр. мек маргарин, 2 јајца, 50 мл. Млеко.

За омекнување на пандишпанот: 350 мл. Млеко, 1-2 супени лажици кафе

2-3 супени лажици шеќер во прав

по желба додадете 1-2 лажици рум или ликер од бадем

за кремата: 400мл. ладно млеко, 200 гр. фета или сирење за торти.

1)     Подготовка на тестото:

Мешавината брашно, јајцата, млекото и маргаринот се матат со миксер околу 3 мин. Тестото се става во тепсија обложена со мрсна хартија за печење и се пече на препорачаната температура. Откако ќе се олади пандишпанот поделете го на два исти дела во должина.

2)     Подготовка на кремот и омекнување на пандишпанот:

Првиот дел од пандишпанот ставете го во сад за послужување. Омекнете го со половина од мешавината кафе, шеќер во прав и млеко. (по желба додадете рум или ликер од бадем) Кремата во прав и двете чаши ладно млеко ставете ги во соодветен сад и изматете со миксер околу 3 мин. потоа додадете го сирењето и поматете уште 1 мин.

3)     Декорација:

Омекнете  го долниот дел од пандишпанот и обложете со половина крема. Потоа ставете го горниот дел од пандишпанот и повторно омекнете го. Со останатата крема премачкајте ја тортата, ставете ја во фрижидер најмалку 1 час. Пред сервирање украсете ја тортата со правот за декорација и сервирајте.

Тестото се пече во претходно загреана рерна од 160 С од 15-25 мин.