За нас

Рамстор, кој во Македонија започна со работа во 2005 година е дел од CITY Plaza Holding, кој е присутен на македонскиот пазар 18 години.

Како резултат на успешната работа и квалитетната услуга во малопродажниот сектор на Македонија во последните 18 години, а во насока на својата мисија и визија денес Рамстор ги нуди своите услуги во 8 различни градови низ Македонија со вкупно 27 маркети и една онлајн продавница на вкупна површина од 27.000 m2

about_us

Порастот на бројот на вработени во развиените економии придонесува за растење на желбата кај поединците да одвојат повеќе време за себе, помалку време да поминуваат во купување. Во оваа смисла, нашите клиенти сакаат блиску до местото на живеење и работа да најдат разни видови производи од повеќе брендови и купувањето да биде брзо.

Сето ова укажува на долгорочните сериозни планови на Рамстор во согласнст со растот во Македонија кој сеуште трае. Денес во Македонија имаме вкупно 750 вработени и нормално новите инвестиции со себе ќе донесат и нови вработувања.

Во текот на овие 18 години, додека им пружавме различно искуство во купувањето на нашитеклиенти во еден сосема нов свет на пазарењето, си поставивме за цел да ги пренесеме свеста за квалитетна услуга и квалитетни производи. На најдобар можен начин ги пречекуваме нашите купувачи во супермаркетите на Рамстор нудејќи им разновидни и свежи производи. Во овој период не само што имавме физички инвестиции туку инвестиравме и во безбедноста на нашите купувачи стекнувајќи се со сертификатите за безбедност на ISO 22000:2005 и HACCP.

Нов тренд во малопродажбата покрај ценовната конкуренција е на купувачите да им се понудат нови иксуства во пазарењето и со тоа тие да се почувствуваат посебни и различни. Сметаме дека оние кои ќе го обезбедат ова, ќе успеат да го зголемат и бројот на купувачи.

Лојалноста на муштериите за нас е значајна тема и во голем дел од прометот на Рамстор се користи Рамстор клуб картичка. Успехот на  Рамстор клуб картичка програмата за лојалност произлегува од  тоа што нуди предности и е лесен за употреба.

Со Рамстор клуб картичка нашите купувачи добиваат шанса да купат одредени производи по пониска цена и воедно врз база на истите производи  да соберат поени. Поените кои ќе ги соберат нашите купувачи денес, истите веќе од следниот ден можат да ги искористат во вид на готовина.

Во изминатите 18 години, покрај отворањето на Трговскиот центар и 28 маркети на 17.09.2014 година започна со работа Рамстор контакт центарот се со цел на нашите муштерии да им обезбедиме најдобра можна услуга. Оваа услуга е прва од овој вид во малопродажниот сектор во Македонија и со воведувањето на Рамстор Контак Центарот  станавме предводници на пазарот во однос на ова прашање. Со задоволство може да кажеме дека Рамстор е лидер во овој сектор.

Преку услугата Контакт центарот на Рамстор купувачите можат да добијат одговори на сите прашања во врска со работењето на Рамстор, да ги пренесат своите пофалби и поплаки и да даваат предлози за работењето на Рамстор маркетите и на Трговскиот центар.

Сите повици кои пристигнуваат до Рамстор Контакт Центарот се пренесуваат до највисокото раководство на компанијата и со тоа дирекнто се информирани дирекциите кои треба да преземат мерки.

Доказ за тоа дека оваа услуга е наменета за лојалните купувачи и дека нивното мислење е важно за Рамстор е фактот што телефонскиот број  0800 800 70 (на Контакт Центарот) е бесплатен од сите фиксни и мобилни оператори и со тоа услугата е достапна за сите.

Во насока на постојано подобрување на услугите за нашите купувачи минатата година донесовме одлука за инвестирање во фунционалноста и изгледот на Трговскиот Центар Рамстор. Реновирањето на тргвскиот центар кој се наоѓа во центарот на градот започна во октомври 2014 година и успешните измени направени во трговскиот центар станаа видливи. Во рамки на овие активности беше целосно обновен трговскиот центар и беа направени доста позитивни подобрувања во атмосферата за пазарење. Ова беше најголемиот проект реализиран од отворањето на трговскиот во 2005 година наваму. Реновирањето на надворешната фасада и внатрешната инфраструкура беше направено од страна на домашни фирми. Оваа инвестиција чинеше 1,2 милиони евра.

Започнувајќи од 1 јуни 2015 година Рамстор започна со производство на месо во свои објекти и на тој начин самиот ја врши контролата на квалитетот на месото. Веднаш по ова се започна со примена на продажбата на месо во ново пакување. Од 1 ноември 2015 годна започнавме со продажба на месо во ново пакување.
Предностите на новото пакување се тоа што истото е направено со техника на пакување во заштитена атмосфера и со природни методи што овозможува месото да остане свежо и безбедно. Карактеристично за оваа техника е тоа што при пакувањето се користи посебно избрана комбинација на гасови (кои природно ги има во воздухот).

При ваквото пакување не се користат хемикалии и месото не претрпува никакви физички и хемиски промени.

Пакуваното месо и месните произвои пакувани  во заштитена атмосфера се подготвени согласно сите барања за производство на храна (HACCP).

ОСВЕН ТОА,

  • Секој ден се подготвува свежо месо.
  • Месото е подготвено и купувачите можат да го подигнат од реонот без чекање.
  • Лесно и практично е за носење бидејќи амбалажата не пропушта.
  • Производите кои се пакувани со стандардна техника остануваат свежи еден до два дена, додека производите пакувани на овој начин се свежи и безбедни до крајниот рок на употреба означен на амбалажата.

 

FoodSafetySysCert_ISO22000_col