Потребни состојки
2 чаши Сезон Балдо ориз
1 филџан Долче Виллас арпа фиде
1 чаша ТАТ варен наут
2 супени лажици путер
2 чаши врела вода
1 кафена лажица сол
Подготовка:
Оризот убаво се мие и се става да отстои половина час во млака вода. Во тенџере го ставаме арпа фидето и го пропржуваме се додека не добие розеникава боја. Исклучете го шпоретот и почекајте малку да се олади тенџерето. Потоа во фидето додадете путер и мешајте додека путерот не се истопи. Исцедето го оризот од водата и додадете го во тенџерето, продолжете со мешање. Зовриената вода ја додавеме во оризот, додаваме сол и готвиме на средна температура се додека убаво не се свари. Откако оризот ќе се свари го тргаме тенџерето на страна и го покриваме со салфета и затвораме со капак.