Потребни состојки:
180 г брашно
прстофат сол
пола лажичка пециво
120г шеќер
100г путер(собна температура)
1 јајце
1 лажичка ванила
2 лажици чоколаден крем
Подготовка:
1.во длабок сад ставете ги путерот и шеќерот и започнете со матење
2.потоа додадете го јајцето и ванилата и матете додека сите состојки убаво не се соединат
3.додајте го чоколадниот крем, брашното, солта и пецивото.
4. готовата смеса оставете ја во фрижидер 30 минути, па потоа расукајте тенка кора и со помош на формите за колачиња вадете форми по ваша желба.
5.печете ги на 180 степени 8-10 минути
Уживајте!