За најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата – односи спрема пазарот кај големите компании, прогласена е компанијата Рамсторе Македонија со проектот “ISO 22000:2005 Систем за управување со безбедност на храна” .
Рамсторе е добитник на плакета за успешно спроведена општествено одговорна практика во категоријата односи кон вработените со проектот “Дуќанот е Наш “. На десетата јубилејна манифестација организирана од страна на Министерството за Економија на Р.Македонија и Координативното тело за Општествена одговороност на претпријатијата, Рамсторе беше претставувана од Генералниот Директор Г-дин Ајхан Узун кој ги прими наградите.