Рамсторе Македонија и Британската амбасада во Македонија со здружен труд за помош на децата од Центарот во Шуто Оризари. Рамсторе Македонија како општествено одговорна компанија посветува посебно внимание на општествената одговорност, по тој повод На 10 декември 2015 година Финансискиот директор на Рамсторе Македонија г-дин Бариш Борахан и Чарлс Гарет, Бритaнскиот амбасадор во Македонија присуствуваа на приредба во Центарот за деца од улица во Шуто Оризари каде имаа можност да ја видат и слушнат искрената детска радост за празничниот период.
Рамсторе Македонија подари 100 новогодишни пакетчиња, и 50 шалчиња и капчиња за децата од Центарот. Денешната активност е резултат на заложбите на Рамстор Македонија за корпоративна општествена одговорност и традицијата на амбасадата и нејзините соработници за поддршка на ранливите групи во општеството на кои им е потребна најголема помош.