На 18-ти Септември, петок, во 11.00 часот, Рамсторe и Халкбанк АД Скопје со заедничка церемонија, свечено ќе ги отворат своите нови локации во Кичево. Новиот маркет на Рамсторe и новата филијала на Халкбанк се наоѓаат на ул. “Булевар Ослободување “бр.1 во Кичево. Со својата присутност во градот, и двете компании се приближуваат до потребите на граѓаните на Кичево овозможувајќи им квалитетна и широка понуда на своите услуги и производи. Рамсторе Македонија ДОО преку својот 19. маркет, на продажен простор од 540 м2, со 16 вработени и 3 наплатни каси ќе го нуди широкиот асортиман од голем број трговски групи, со преку 12.000 производи, кои се неопходни за потрошувачите; пакувано свежо месо, свежо овошје и зеленчук.
Потрошувачите ќе може да ги користат многубројните акции и промоции на производи како и во сите супермаркети на Рамстор. Маркетот содржи големо портофлио на производи со висок квалитет и голем избор. Планирано е отварање и на други Рамстор маркети на повеќе локации во државата. ХАЛКБАНК А.Д. Скопје, преку својата 33. филијала, ќе овозможи лесна и поедноставна комуникација со своите постоечки клиенти, како и можност за квалитетно опслужување на новите клиенти од регионот на Кичево.
Во филијалата ќе бидат достапни сите производи и услуги на Банката (штедни влогови, платен промет во земјата и во странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA, MasterCard, Maestro и PayPass платежни картички и др.), ќе се презентираат сите новини кои истата постојано ги воведува на пазарот и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со клиентите и бизнис-партнерите од регионот. На свеченоста по повод пристигањето на овие две компании во градот, покрај останатите гости, ќе присуствува и градоначалникот на Општина Кичево.