Јазик:

Објавено на: 10.02.2016

АШУРЕ

Потребни состојки:

1/5 кг.сезон пченица
1 чаша тат варен наут
1 чаша тат варен грав
1 чаша ориз
100гр суви кајсии, измиени и исечкани на ситно парчиња
50гр фасл-и бахар сува рибизла
50гр фасл-и бахар пињоли
100гр суво грозје
суви смокви ситно исечкани  (по желба)
1 кг шеќер во прав

Подготовка:

1. Пред да почнете со арење на ашурето, ја ставаме пченицата во тенџере со вода и малку ја варие.
2. Откако ќе зоврие пченицата, го гасиме огнот и го оставаме да отстои 8-9 часа.
3.После 8 часа стоење ,пченицата се вари на ниска температура се додека убаво не омекне(околу 2,5-3 часа) Доколку нема доволно вода во тенџерето, се додава зовриена вода.
4.На самиот крај , откако пченицата убаво ќе се свари, го додаваме убаво измиениот ориз и варениот наут, варениот грав и заедно ги вариме на тивка температура уште 15-20 минути со промешување.
5. Потоа ги додаваме сувите рибизли, сувото грозје и сувите кајсии. Се вари уште 15 минути со промешување, на крај додаваме шеќер во прав, уште малку промешуваме и го гасиме огнот.
7.По желба можете да додадете уште малку зовриена вода, доколку сакате потечна смеса.
8. Откако ќе се олади ашурето , се сервира во стаклени садови и се декорира со лешници , цимет, ореви и калинка.

Совет: Доколку на подготвеното ашуре се изренда портокал, ќе се добие малку побогат  и поубав вкус.

Зошто е корисно ашурето ?
– Ашурето не содржи холестерол бидејќи се состои само од растителни масти.
Покрај витамините Б2, Б1 и Ц1 содржи големо количество на железо, цинк, фосфор и калциум и затоа е пожелно да се користи, особено во зимските денови, против настинка.
Потребно е почесто да се внесува како храна, бидејќи е многу здраво. Ашурето е голем извор на енергија , особено за децата.

Помош за сите домакинки :

Доколку сакате веднаш да го подготвите – Ние секако дека го имаме само за вас ДрОткер Ашуре со сите потребни состојки, ваше е само да го истурите во подлабок сад и да го сварите.  По желба можете да додадете сварен грав, ориз, наут, леќа, јаболко, портокал, дуња итн. Декорирајте по желба со свежо овошје и апетисани.

Рецепти

555b257cc3557

види ја рецептата

КУРКУМА – ЛЕК ЗА 100 БОЛЕСТИ

Indian-Red-Lentil-Stew-89

види ја рецептата

ЧОРБА ОД ЦРВЕНА ЛЕЌА

IMG_9573

види ја рецептата

ДОМАШЕН ЛЕБ СО БРАШНО ОД НИКУЛЦИ

039

види ја рецептата

ДЕСЕРТ МУХАЛЕБИ СО КАЈСИИ

IMG_2723 (1)

види ја рецептата

ПИДЕ СО МЕЛЕНО МЕСО

Nt-2000x1333

види ја рецептата

ТОРТИЉА-ГИРО