Потребни состојки
- 200 гр бисквити
- 120 гр шеќер
- 50 гр какао
- 100 гр путер
- 25 мл млеко
- чоколадни житарки
- шеќер во прав
Подготовка
Сомелете ги бисквитите во вид на прав. Во сад со мелените бисквити додајте ги шеќерот и какаото, па спојте ја смесата со раце. На крај додадете го растопениот путер и млеко и соединете ги убаво состојките. Формирајте топчиња и со раце секој дел трансформирајте го во конус. Чоколадните житарки редете ги додека да ја покриете цела површина. Кога ќе бидат готови, шишарките ставете ги на чинија за сервирање и наросете ги со шеќер во прав за да им дадете снежен и празниченн изглед.