Автор: Igor
Рамсторама 202
РАМСТОРЕ добитник на две награди за најдобри општествено одговорни практики
За најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата – односи спрема пазарот кај големите компании, прогласена е компанијата Рамсторе Македонија со проектот “ISO 22000:2005 Систем за управување со безбедност на храна” .
Рамсторе е добитник на плакета за успешно спроведена општествено одговорна практика во категоријата односи кон вработените со проектот “Дуќанот е Наш “. На десетата јубилејна манифестација организирана од страна на Министерството за Економија на Р.Македонија и Координативното тело за Општествена одговороност на претпријатијата, Рамсторе беше претставувана од Генералниот Директор Г-дин Ајхан Узун кој ги прими наградите.

Крводарителска акција на Рамсторе
Секоја компанија која своите успешни резултати ги остварува благодарение на довербата на своите потрошувачи, тежнее и мора да и возвраќа на заедницата. Вредностите врз кои Рамстор го темели својот успех се квалитет, врна услуга, доверба, иновации во работењето и разбирање на локалната заедница. Рамстор, со високите малопродажни стандарди, задоволни вработени и своите добавувачи со кои гради фер односи, на чувствителен начин ја сноси општествената одговорност.
По повод 12 години постоење на Рамсторе Македонија, компанијата во соработка со Црвен Крст на Р.Македонија и заводот за Трансфузиологија организира крводарителска акција под мотото „Сакаме да бидеме браќа по крв со Македонија„Исто така, посебно ни е драго, што токму на на овој историски важен ден за Скопје, заедно со нашите вработени ќе ја покажеме нашата хуманост и како компанија и како личности.
Би сакал да истакнам дека ние како Рамстор ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти. Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето здравје, а воедно ќе им помогне на болните на кои им е потребна.
Дарувањето на крв за нас е должност на секој човек и воедно како компанија придаваме огромно значење на општествено одговорните активности кои додаваат вредност на општеството во кое живееме. Би сакал да им се заблагодарам најпрво на Црвениот крст кој најсовесно ја извршува својата работа, а потоа и на сите вработени кои ја дадоа својата поддршка и ја покажаа својата хуманост, изјави денес Ајхан Узун-Генерален Директор на Рамсторе Македонија.


Нов Рамстор маркет во Струмица
NIVEA добитници на награди 2017
Рамсторама 201
Промоции Ноември
Наградна игра “12-ти Роденден на Рамстор! “

Официјални правила на Наградната игра “12-ти Роденден на Рамстор! “
ЗА 12–иот РОДЕНДЕН НА РАМСТОРE ОСВОЈТЕ ГО МОЌНИОТ HYUNDAI TUCSON И 12 НАГРАДНИ ПАТУВАЊА
Како резултат на 12 годишното постоење на македонскиот пазар со успешна и квалитетна услуга во малопродажниот сектор а во насока на својата визија и мисија, денес , Рамсторе брои вкупно 22 маркети во 6 различни градови со вкупна продажна површина од 19,829 m2 и 600 вработени.
Рамсторе Македонија оваа година го прославува 12тиот роденден односно 12 години – среќни и задоволни потрошувачи, мотивирани вработени , најквалитетна понуда и безпрекорна услуга. Основната визија на Рамсторе Македонија останува иста, а за да ја искажат својата благодарност кон потрошувачите, по повод 12тиот роденден организирана е голема наградна игра со многу возбудливи награди.
Наградната игра “12ти роденден на Рамсторе“ започнува на 05.10.2017 во 08:00 часот и завршува на 23.11.2017 година во 22:00 часот
Со секоја сметка над 1000 денари направена во Рамсторе Маркетите можете да очекувате дека ќе станете добитник на моќниот Hyundai Tucson или на еден од 12те ваучери за патување од Туристичката Агенција Савана во вредност од 60.000 денари.
Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни купувачи чии фискални сметки имаат вредност од 1000 денари или повеќе. Еднаш искористената фискална сметка, не може повторно да учествува во наградната игра. Добиената награда, не може да се замени со друга и не постои друг вид надоместок.
Наградната игра “12ти роденден на Рамсторе“ започнува на 05.10.2017 во 08:00 часот и завршува на 23.11.2017 година во 22:00 часот
За овие 12 години Рамсторе Македонија се покажа и докажа како најдобар трговски ланец во регионот, за потрошувачите прв избор, за вработените посакуван работодавец, а за деловните субјекти и добавувачите доверлив партнер и општествено одговорна компанија.
Рамсторе ве поканува да учествувате во досега најголемата наградна игра и да играте за моќниот Hyundai Tucson и уште 12 ваучери за патување од Туристичката Агенција Савана со вредност од 60.000 денари.
Се што е потребно да направите:
Да приложите фискална сметка повисока од 1000 денари направена во било кој Рамсторе маркет на инфо пултовите при што добивате награден купон. Купонот треба да биде пополнет од страна на потрошувачите со нивните лични податоци и ставен во посебно обележаните кутии кои се поставени на видно место во секој Рамсторе маркет. За секоја сметка од 1000 денари добивате 1 купон за учество, за 2000 денари добивате 2 купони, за 3000 денари – 3 купони и за секое зголемување на сметката за 1000 денари пропорционално се зголемува и бројот на купони за учество.
Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 01.12.2017 година во 12:00 часот во ТЦ Рамсторе Мол пред Рамсторе маркетот.
Задолжително чувајте ја фискалната сметка со која што учествувате во наградната игра.
Повеќе информации на официјалната страна на: www.ramstore.com.mk http://ramstore.com.mk/?page_id=3211

0800 800 70