Според рецептот за тестото да се додаде ; 50 гр. мек маргарин, 2 јајца, 50 мл. Млеко.
За омекнување на пандишпанот: 350 мл. Млеко, 1-2 супени лажици кафе
2-3 супени лажици шеќер во прав
по желба додадете 1-2 лажици рум или ликер од бадем
за кремата: 400мл. ладно млеко, 200 гр. фета или сирење за торти.
1) Подготовка на тестото:
Мешавината брашно, јајцата, млекото и маргаринот се матат со миксер околу 3 мин. Тестото се става во тепсија обложена со мрсна хартија за печење и се пече на препорачаната температура. Откако ќе се олади пандишпанот поделете го на два исти дела во должина.
2) Подготовка на кремот и омекнување на пандишпанот:
Првиот дел од пандишпанот ставете го во сад за послужување. Омекнете го со половина од мешавината кафе, шеќер во прав и млеко. (по желба додадете рум или ликер од бадем) Кремата во прав и двете чаши ладно млеко ставете ги во соодветен сад и изматете со миксер околу 3 мин. потоа додадете го сирењето и поматете уште 1 мин.
3) Декорација:
Омекнете го долниот дел од пандишпанот и обложете со половина крема. Потоа ставете го горниот дел од пандишпанот и повторно омекнете го. Со останатата крема премачкајте ја тортата, ставете ја во фрижидер најмалку 1 час. Пред сервирање украсете ја тортата со правот за декорација и сервирајте.
Тестото се пече во претходно загреана рерна од 160 С од 15-25 мин.