Јазик:

РАМСТОРЕ добитник на две награди за најдобри општествено одговорни практики

За најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата – односи спрема пазарот кај големите компании, прогласена е компанијата Рамсторе Македонија со проектот  “ISO 22000:2005 Систем за управување со безбедност на храна” .

Рамсторе е  добитник на плакета  за успешно спроведена општествено одговорна практика во категоријата односи кон вработените со проектот “Дуќанот е Наш “. На десетата јубилејна манифестација организирана од страна на Министерството за Економија на Р.Македонија и Координативното тело за Општествена одговороност на претпријатијата, Рамсторе беше претставувана од Генералниот Директор Г-дин Ајхан Узун кој ги прими наградите.

DSC_0618 DSC_0517 DSC_0552 DSC_0543

Крводарителска акција на Рамсторе

Секоја компанија која своите успешни резултати ги остварува благодарение на довербата на своите потрошувачи, тежнее и мора да и возвраќа на заедницата. Вредностите врз кои Рамстор го темели својот успех се квалитет, врна услуга, доверба, иновации во работењето и разбирање на локалната заедница. Рамстор, со високите малопродажни стандарди, задоволни вработени и своите добавувачи со кои гради фер односи, на чувствителен начин ја сноси општествената одговорност.

По повод 12 години постоење на Рамсторе Македонија, компанијата во соработка  со Црвен Крст на Р.Македонија и заводот за Трансфузиологија  организира крводарителска акција под мотото „Сакаме да бидеме браќа по крв со Македонија„Исто така, посебно ни е драго, што токму на  на овој историски  важен ден за Скопје, заедно со нашите вработени ќе ја покажеме нашата хуманост и како компанија и како личности.

Би сакал да истакнам дека ние како Рамстор ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти. Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето здравје, а воедно ќе им помогне на болните на кои им е потребна.

Дарувањето на крв за нас е должност на секој човек и воедно како компанија придаваме огромно значење на општествено одговорните активности кои додаваат вредност на општеството во кое живееме. Би сакал да им се заблагодарам најпрво на Црвениот крст кој најсовесно ја извршува својата работа, а потоа и на сите вработени кои ја дадоа својата поддршка и ја покажаа својата хуманост,  изјави денес  Ајхан Узун-Генерален Директор на Рамсторе Македонија.

IMG_1138 IMG_1135 IMG_1134 IMG_1132 IMG_1107 IMG_1091 IMG_1079 IMG_1075 IMG_1069 IMG_1063 IMG_1174 IMG_1172 IMG_1148
IMG_1141

Наградна игра “12-ти Роденден на Рамстор! “

nagradna-igra

Официјални правила на Наградната игра “12-ти Роденден на Рамстор! “

ЗА 12иот РОДЕНДЕН НА РАМСТОРE ОСВОЈТЕ ГО МОЌНИОТ HYUNDAI TUCSON И 12 НАГРАДНИ ПАТУВАЊА

Како резултат на 12 годишното постоење на македонскиот пазар со успешна и квалитетна услуга во малопродажниот сектор а  во насока на својата визија и мисија,  денес ,  Рамсторе брои вкупно 22 маркети во 6 различни градови со вкупна продажна површина од 19,829 m2 и 600 вработени.

Рамсторе Македонија оваа година го прославува  12тиот  роденден  односно 12 години – среќни и задоволни потрошувачи, мотивирани вработени , најквалитетна понуда и безпрекорна услуга. Основната визија на Рамсторе Македонија  останува иста, а за да ја искажат својата благодарност кон потрошувачите, по повод 12тиот роденден организирана е голема наградна игра со многу возбудливи награди.

Наградната игра “12ти роденден на Рамсторе“ започнува на 05.10.2017 во 08:00 часот и завршува на 23.11.2017 година во 22:00 часот

Со секоја сметка над 1000 денари направена во Рамсторе  Маркетите  можете да очекувате дека ќе станете добитник на моќниот Hyundai Tucson или на еден од 12те ваучери за патување од Туристичката Агенција Савана во вредност од 60.000 денари.

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни купувачи чии фискални сметки имаат вредност од 1000 денари или повеќе. Еднаш искористената фискална сметка, не може повторно да учествува во наградната игра.  Добиената награда, не може да се замени со друга и не постои друг вид надоместок.

Наградната игра “12ти роденден на Рамсторе“ започнува на 05.10.2017 во 08:00 часот и завршува на 23.11.2017 година во 22:00 часот

За овие 12 години Рамсторе Македонија  се покажа и докажа како  најдобар трговски ланец во регионот, за потрошувачите прв избор, за вработените посакуван работодавец, а за деловните субјекти и добавувачите доверлив партнер и општествено одговорна компанија.

Рамсторе ве поканува да учествувате во досега најголемата наградна игра и да играте за моќниот Hyundai Tucson  и уште 12 ваучери за патување од Туристичката Агенција Савана со вредност од 60.000 денари.

Се што е потребно да направите:

Да приложите фискална сметка повисока од 1000 денари направена во било кој Рамсторе маркет на инфо пултовите при што добивате награден купон. Купонот треба да биде пополнет од страна на потрошувачите со нивните лични податоци и ставен  во посебно обележаните кутии кои се поставени на видно место во секој  Рамсторе маркет.  За секоја сметка од 1000 денари добивате 1 купон за учество, за 2000 денари добивате 2 купони, за 3000 денари – 3 купони и за секое зголемување на сметката за 1000 денари пропорционално се зголемува и бројот на купони за учество.

Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 01.12.2017 година во 12:00 часот во ТЦ Рамсторе Мол пред Рамсторе маркетот.

Задолжително чувајте ја фискалната сметка со која што учествувате во наградната игра.

Повеќе информации на официјалната страна на: www.ramstore.com.mk    http://ramstore.com.mk/?page_id=3211

Кампања на Рамстор и Бургер Кинг

Во период од 25 септември од 25 октомври стартува кампања на Рамстор и Бургер Кинг.

Со секој купен купон од 25 денари купен во маркетите на Рамстор добивате богато мени во Бургер Кинг за 329 денари.

Купоните може да ги купите во следниве Рамстор маркети: Вардар, Центар (во склоп на трговскиот центар), City Mall, Ново Лисиче, Кисела Вода, Горно Лисиче, Capitol, Капиштец, Собрание, Дебар Мало, Водно, Аеродром 2, Тетово 1, тетово 2, Тетово 3 и Чаир.

5BKMakedonijaKupon

Рецепти

види ја рецептата

Чоколаден Свет Рецепти

види ја рецептата

Чоколаден крем десерт со Бајадера од Краш

види ја рецептата

Чоколаден тарт со Линдт Линдор чоколадо и бонбони

види ја рецептата

НУТЕЛА ЧИЗКЕЈК

види ја рецептата

Мафини со Милка чоколадо

види ја рецептата

БОЖИЌЕН КУГЛОФ

види ја рецептата

НОВОГОДИШНИ ШИШАРКИ

види ја рецептата

КРЕМ САЛАТА СО ТУНА

види ја рецептата

Чоколаден Свет Рецепти

види ја рецептата

Чоколаден крем десерт со Бајадера од Краш

види ја рецептата

Чоколаден тарт со Линдт Линдор чоколадо и бонбони

види ја рецептата

НУТЕЛА ЧИЗКЕЈК

види ја рецептата

Мафини со Милка чоколадо

види ја рецептата

БОЖИЌЕН КУГЛОФ

види ја рецептата

НОВОГОДИШНИ ШИШАРКИ

види ја рецептата

КРЕМ САЛАТА СО ТУНА