Јазик:

БОЖИЌЕН КУГЛОФ

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици масло
  • 50 гр сечкани индиски ореви
  • 50 гр сечкан лешник
  • 150-200гр. мешано суво овошје(суви сливи, суви смокви,урми,суви кајсии)
  • 5 лажици брашно

Припрема:

Белките се матат пенасто, откако ќе се формира цврста пена постепено се додава шеќерот. Кога смесата добро ќе се измати се додаваат маслото и жолчките. Смесата се промешува со помош на лажица па се додава брашното, индиските ореви, лешникот и сечканото суво грозје. Печете во куглоф на загреарна рерна 35 минути на 190 степени.

Добар апетит!

НОВОГОДИШНИ ШИШАРКИ

Потребни состојки

  • 200 гр бисквити
  • 120 гр шеќер
  • 50 гр какао
  • 100 гр путер
  • 25 мл млеко
  • чоколадни житарки
  • шеќер во прав

Подготовка

Сомелете ги бисквитите во вид на прав. Во сад со мелените бисквити додајте ги шеќерот и какаото, па спојте ја смесата со раце. На крај додадете го растопениот путер и млеко и соединете ги убаво состојките. Формирајте топчиња и со раце секој дел трансформирајте го во конус. Чоколадните житарки редете ги додека да ја покриете цела површина. Кога ќе бидат готови, шишарките ставете ги на чинија за сервирање и наросете ги со шеќер во прав за да им дадете снежен и празниченн изглед.

КРЕМ САЛАТА СО ТУНА

Потребни состојки:

2 конзерви туна
100гр маслинки
500 гр макарони
400 гр мајонез
5-6 кисели краставички
сол

Подготовка:

1. Сварете ги тестенините и исечкајте ги маслинките, краставиците, кикириките и исцедете ја туната.
2. Измешајте ги туната, краставиците, маслинките и кикириките и соединете ги со тестенините и мајонезот па посолете.
3.Оставете да отстои во фрижидер па сервирајте

Добар апетит!

ЧОКОЛАДНИ НОВОГОДИШНИ КОЛАЧИ

 

Потребни состојки:

180 г брашно

прстофат сол

пола лажичка пециво

120г шеќер

100г путер(собна температура)

1 јајце

1 лажичка ванила

2 лажици чоколаден крем

Подготовка:

1.во длабок сад ставете ги путерот и шеќерот и започнете со матење

2.потоа додадете го јајцето и ванилата и матете додека сите состојки убаво не се соединат

3.додајте го чоколадниот крем, брашното, солта и пецивото.

4. готовата смеса оставете ја во фрижидер 30 минути, па потоа расукајте тенка кора и со помош на формите за колачиња вадете форми по ваша желба.

5.печете ги на 180 степени 8-10 минути

Уживајте!

 

ТОРТИЉА-ГИРО

Потребни состојки

Тортиљи (теста за гиро)

700 грпилешки стек

Лук во прав,вегета, сол и зејтин

3 павлаки,3 лажици мајонез,1 лажица сенф, бибер,тцаѕики зачин.

1 марула,3 патлиџани.

Подготовка

Се пржи месото (стекот) ,се додаваат зачините лук во прав,сол и вегета.Откако ке се спржи месото се цепка на ситни парченца и се дели отприлика на 8 дела за рамномерна распределба.Тортиљите се премачкуваат со сосот од павлака,мајонез, сенф,бибер и тцаѕики зачин.Врз сосот се става убаво спрженото месо на средина,потоа марулата(ситно здробена) и парченца патлиџан.Тортиљите се превиткуваат 2 пати како палачинка а може да се пресечат и на половина и така да се јадат.